1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов застој во македонско-грчките преговори за името?

Можен е застој во преговорите за името, по синоќешната најава (02.09.2009) на грчкиот премиер Караманлис за предвремени избори во октомври. На кој начин би се одразиле предвремените избори во Грција врз Македонија?

default

Во Скопје со внимание се следи политичката ситуација во Грција

Топ вест во Скопје, доцна синоќа, беше обраќањето на грчкиот премиер со информацијата дека најверојатно во октомври ќе се одржат предвремени избори кај соседот. Првата реакција е дека грчко-македонските преговори ќе влезат во нова фаза на застој, правило што медијаторот Метју Нимиц го почитуваше и за време на претседателските и локалните избори во Македонија. Македонскиот премиер Никола Груевски досега ги избегнуваше сите коментари за последниот пакет идеи за името што ги иницираше Нимиц. Тој беше убеден дека Грција ќе се соочи со вонредни избори и зазеде став да не поттикнува името да биде дел од очекуваната кампања во Грција.

Од друга страна, претседателот Ѓорѓе Иванов, вчера попладне, се одважи за изјава за грчко-македонските односи со еден позитивен акцент на добрососедството: „Ние како држава сме конструктивни, даваме позитивни предлози, гледате и нашиот однос кон Грција каков е, оваа година многу Македонци летуваа во Грција. Добрососедските односи се во позитивен тренд, така што очекуваме сето тоа да биде вреднувано.“

Порака на помирување за Скопје од идната грчка влада?

Mazedonien Präsident Gorgi Ivanov

Иванов: Добрососедските односи се во позитивен тек

Идната грчка влада на Скопје ќе му испрати порака на помирување, а не на конфронтација, изјавил Андреас Ловрадос, еден од најблиските соработници на опозицискиот лидер Андреас Папандреу. Нивниот ПАСОК има 6 проценти предност пред владејачката Нова демократија, но затоа пак Караманлис е се‘ уште попопуларен од опозиционерот Папандреу. Изјавата на Ловрадос, дадена за грчката страница „Њус тајм“ дека ако ПАСОК дојде на власт, ќе им дозволи на Славомакедонците, како што ги нарекуваат Македонците од Егејска Македонија, да се вратат на своите родни огништа, ја пренесоа сите македонски телевизии. Здружението на бегалци на Грција, минатата недела, потсети на правната процедура што Егејците ја покренуваат пред грчките судови за враќање на одземените имоти и која по правило трае долго. Но, сепак има одделни случаи каде што Македонци, кои што се протерани од Грција, успеале да си ги вратат имотите.

„После сите овие турбуленции меѓу здруженијата на Македонците од егејскиот дел и нивното преструктурирање и преорганизирање, ќе ја поттикнат владата, координативното тело за егејското прашање да заседава почесто и да ги пружа правните услуги поквалитетно и брзо“, кажа Тодор Петров, претседател на Се‘македонскиот конгрес.

Сосема е сигурно дека вонредните парламентарни избори во Грција, во Скопје ќе се следат со големо внимание.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска