1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов залет за блискоисточните преговори

За првпат по една година, денеска (03.01.2011) во главниот град на Јордан, Аман, треба да се сретнат израелски и палестински претставници.

default

Средба во Аман на израелски и палестински претставници

Со посредство на Блискоистичниот мировен квартет и јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудех треба повторно да се заживее блокираниот мировен процес. Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат, меѓутоа, еден ден пред средбата предупреди од преголеми очекувања. Палестинците во септември 2010 година ги прекинаа директните преговори со Израел кусо по нивното ново отворање. Причина за тоа беше спротивставувањето на израелската влада да ја продолжи забраната за изградба на еврејски доселенички населби на палестинските територии.

Автор: СН/ ЕМФ/ ртр/ дпа

Редактор: А. Трајковска