1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов жешок бран ја зафаќа Македонија, државата презема заштитни мерки

Нов африкански топлотен бран ја зафати Македонија. Владата прогласи кризна состојба. Од утре во Македонија ќе се работи скратено и двократно.

default

Пеколна горештина ја зафати Македонија

Африкански бран ја зафати Македонија. Во Скопје веќе неколку денови температурата е околу 40 степени, на југот на државата и над 45 степени целзиусови. Зголем е бројот на болните, а распалени или угасени се над 200 пожари некои од нив и во националниот парк Јасен крај езеротото Матка, во штипскиот и битолскиот регион.

Топлотниот удар ја принуди владата да воведе мерки, веројатно со мало задоцнување но со подоготрајно дејство. Најдраматично е во болниците и клиниките каде нема разладни уреди. „ Да се воведе скратено работно време од шест часа, во услови на континуирана висока температура од петок, па се до наредната одлука на владата на Република Македонија. Вработените кои работат во затворени простории кои не се директно изложени на сончево зрачење да работата од 7 до 13 часот. Вработените кои работат на отворен простор и се директно изложени на сончево зрачење да работат од 7 до 11 часот, и од 18 до 20 часот. Двократно. Бремените жени од утре да бидат ослободени од работа.“ рече министерот за здравство Имер Селмани.

Мерките се задолжителни за државниот сектор. Владата од своја страна најави дека државниот инспекторијат за труд интензивно ќе работи на теренот.