1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нов договор за мир на Блискиот исток

Во наредните 12 месеци Израел и Палестина треба да постигнат конечно решение за формирање на палестинската држава и решавање на сите други останати отворени прашања договорено е на конференцијата во Анаполис.

default

Буш со Олмерт и Абас

Почеток, а не крај на напорите да се придонесе за траен мир на Блискиот исток. Вака американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ги оцени резултатите од блискоисточната мировна конференцијата во Анаполис.

Американскиот претседател Џорџ Буш објави дека е постигнат договор меѓу изралескиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој треба да доведе до конечно мировно решение и креирање на независна палестинска држава до крајот на 2008 година.

Повеќе рунди преговори до конечен мир

До конечниот мир, според вчерашниот договор, ќе се стигне преку повеќе рунди преговори меѓу двете страни кои ќе се одржуваат на секои две недели. Заеднички усвоениот документ не содржи прецизни детали за проблемите кои ќе се решаваат, туку е само нацрт кој ќе ги дава генералните насоки. Во него двете страни изразуваат решеност да им стават крај на крвопролевањето, страдањето и деценискиот конфликт, и да пропагираат култура на мир и ненасилство“.

Ќе бидат потребни компромиси

Деталите пред јавноста ги презентираше претседателот Буш „Се согласивме да се ангажираме во континуирани преговори и ќе сториме се да постигнеме договор пред крајот на 2008 година.“

Палестинскиот претседател Абас изјави дека тој мора да го брани правото на неговиот народ за подобро утре и повика на ослободување на палестинските затвореници, и отстранување на ѕидот околу Западниот брег.

Олмерт рече дека Израел е подготвен да направи болни компромиси со цел да ја реализира желбата за мир.

Според информациите, и Израелците и Палестинците ќе мораат да направат по еден крупен компромис за да се дојде до конечното решение. Махмуд Абас барал од Израел да го признае источен Ерусалим за главен град на палестинската држава, додека официјален Тел Авив инсистира да биде признаен од палестинските власти како Еврејска држава.

USA Israel Palästinenser Gipfel in Annapolis Plakat

Плакат за самитот

На конференцијата во Анаполис присуствуваат претставници на сите земји од арапскиот свет, со исклучок на Иран. Израелскиот премиер ги повика арапските земји да соработуваат со неговата земја, но неговите повици не наидоа на конкретен одговор. Напротив, според информациите во американските медиуми, израелските претставници наишле на мошне ладен прием од првите луѓе на арапските држави.