1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Нов договор“ за Авганистан?!

Во Париз почнува меѓународна конференција посветена на Авганистан. Претставници на повеќе од 80 земји и на ОН се обидуваат да договорат натамошни мерки за стабилизиација и изградба на земјата.

default

Претседателот Хамид Карзаи со меѓународните сили

Меѓународните мировни сили ИСАФ со голема гордост постојано нагласуваат дека тие не се задолжени само за безбедноста и стабилизирањето на ситуацијата во Авганистан, туку и за обновата на земјата. До сега милиони долари и евра се слеаја во цивилно-воените проекти што ги изведуваат градежните единици на меѓународните мировни сили.

Каква улога имаат војниците?

Коалицијата што ја предводат САД на овој начин се обидува да ги освои срцата на локалното население. Но, експертите и цивилните работници кои соработуваат на разни проекти за обнова на Авганистан со скеспа го набљудуваат мешањето на воениот и цивилниот аспект.

Пол Фишштајн, директор на Институтот за истражување во Кабул смета дека „За многумина Авганистанци е тешко да ги разликуваат воените сили кои дење градат училишта или бунари од оние сили кои ноќе изведуваат воени операции. Освен тоа војниците во нестабилните подрачја добиваат често задачи што не можат сосема добро да ги извршат.“

Дали цивилните професионалци треба да бидат одговорни за обновата?

Изградбата и развојот на земјата треба да им се препуштат на цивилните професионалци, бара голем број од хуманитарците и помошниците за обнова на Авганистан. Како исклучок од тоа правило би требало да важат само

Afghanistan UN Kai Eide in Kabul

Специјалниот пратеник Каи Еиде

оние подрачја во кои безбедносната ситуација е нестабилна, пред се’ на југот и истокот од земјата.

Но, според пратеникот на ОН за Авганистан Каи Еиде, и таму војниците би требало да имаат само привремена улога, имено додека не се среди ситуацијата. Норвежанецот Еиде одвај чека да го види денот кога цивилите од странство ќе ја преземат одговорноста за натамошната изградба на Авганистан.

Дали е можно спојување на воените со задачите за обнова?

За разлика од него портпаролот на НАТО силите во Кабул, Марк Лејти го брани концептот што ги спојува воените задачи со оние поврзани за обновата „Тимовите за обнова не ја попречуваат работата на цивилните соработници. Воените тимови работат во услови кои не дозволуваат ангажман на цивили. Штом условите ќе се подобрат, воените сили им ги препуштаат тие подрачја на цивилните организации за обнова...“

Слично е и мислењето на шефот на Штабот на ИСАФ силите во Кабул, германскиот генерал Ханс Лотар Домрозе.„Ние и’ помагаме на авганистанската влада да владее во оваа прекрасна и огромна земја. Има подрачја во кои настапуваме со поголемо воено присуство бидејќи сме изложени на напади, а има и такви каде не ни требаат ни шлемови, туку со мала воена заштита им се посветуваме на задачите поврзани со обновата. Сметам дека тоа е добра комбинација:“