1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп зборува за земји „по...ни дупки“

ЕМФ / дв
12 јануари 2018

На разговори за миграцијата од Хаити и од африканските држави, американскиот претседател Донад Трамп ги нарекол овие земји „по...ни дупки“.

https://p.dw.com/p/2qjUy
USA - Präsident Trump PK
Фотографија: Getty Images/M. Wilson

На разговори околу миграцијата со двајца сенатори во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, како што тврдат инсајдери, се изразил потценувачки за Хаити и делови од Африка. „Зошто ги сакаме овде тие луѓе од Африка? Тие земји се по...ни дупки... Треба да имаме повеќе луѓе од Норвешка.“ Освен тоа, според второ лице вклучено во конверзацијата, Трамп изразил и сомневање дали во САД би требало да доаѓаат луѓе од Хаити.

Белата куќа не демантира

Трето лице тврди дека Трамп прашал зошто САД би требало да примаат необразовани луѓе од погодените земји, наместо да им кажат добредојде на мигранти од држави кои можат да понудат квалификувана работна сила. Трамп, како што се вели, немал намера да навреди некого со своите изјави. Портпарол на Белата куќа изјави: „Некои политичари во Вашингтон се одлучија да се заложат за други земји, но претседателот Трамп секогаш ќе се бори за Американците.“

Повеќе:

Нов неуспех за законите за доселување на Трамп

Заминувањето на Бенон не е крај за Трампизмот

Повод за разговорот инаку бил извештајот на демократскиот сенатор Дик Дарбин и републиканскиот сенатор Линдзи Греам за нов закон за миграција, подготвен од страна на двата политички табора. Сенаторите објаснувале како функционираат одредени програми, меѓу кои и приемот на бегалци чии татковини се погодени од природни катастрофи или од внатрешни немири.