1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нов бум на цената на нафтата

Коментар на Ролф Венкел

Хаос на нафтените берзи

Хаос на нафтените берзи

Поради политичката затегнатост околу Иран и ограниченото производство во Нигерија, цената на суровата нафта во Лондон повторно достигна рекорден износ. Водечката сорта Брент од Северното Море повремено достигна цена од 72,20 долари за барел. Ваквиот развој меѓутоа, може да има и позитивен ефект зашто може да придонесе за засилена потрага по алетрнативни енергетски извори.

Вестите звучат вознемирувачки. Меѓународната агенција за енергија јавува дека намалувањето на испорките од Нигерија и несигурноста околу атомскиот спор со Иран придонесоа цената на нафтата да префрли 70 долари за барел. Агенцијата проценува дека потрошувачката на нафтата во светот која од 70-десеттите години со удвои, ќе порасне во наредните 25 години за уште 50 проценти. Мала понуда, голема побарувачка. Индустриските земји како Германија нема да можат краткорочно да ја избегнат експлозијата на цената на нафтата, со оглед на големата стапка на увоз на ова суровина од 95 насто. Германските возачи веќе го забележуваат тоа на бензинските станици. Бескорисно е вината да се префрла врз шпекулантите кои наводно цената вештачки ја креваат. Зашто и на тој пазар владее законот на понуда и побарувачка, таму веднаш се согледува идниот развој, па затоа се прават обиди за обезбедување против растечките цени. Според тоа, пазарите функционираат сосема нормално и упатуваат многу јасен сигнал: нафтата ја нема доволно и затоа е скапа. Тука не помагаат никакво лелекање, ниту надеж за подобри времиња. Такви нема да дојдат.

Меѓутоа, растечките цени можат да имаат и оздравувачко влијание. Секако, може да се ламентира околу тоа дека десет долари повеќе за барел ќе предизвикаат намалување на порастот за околу половина процент. Но, растечките цени треба да ни ги отворат очите и за тоа дека нашите енергетски резерви привршуваат и се премногу вредни за да ги грееме нашите лошо изолирани домови, да одиме до пошта со автомобил или да шетаме низ Европа со ефтини авио-билети. Значи, оваа експлозија на цената на нафтата може да предизвика и нешто добро. Таа не принудува да размислиме за енергетската политика. Таа ја принудува индустријата да применува уште поефикасни постапки за производството, ги принудува потрошувачите да користат штедливи автомобили и греење, ги принудува производителите на енергија повеќе од досега да инвестираат во истражувања и користење на обновливи енергии. Токму кај последниве има уште многу простор, зашто тие денес во Германија не префрлуваат пет проценти од потрошувачката на енергија, а во многу земји тоа учество е уште помало. Само со енергија со бесконечни извори како Сонцето, водата, ветерот, земјината топлина и биомасата е можно долгорочно ослободување од зависноста на непресметливото. Колку што ќе станува нафтата поскапа, толку поисплатливи ќе бидат инвестициите што ќе ја намалат зависноста од неа. Така гледано, цената на нафтата слободно може и натаму да расте, дури и ако возачите на бензинските пумпи продолжат да се нервираат.

Ролф Венкел