1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нов бран насилство во Ирак

Ирак е потресен од нов бран насилство. Серијата напади во земјата однесе нови човечки животи. САД во меѓувреме најавува дека во основа се придржуваат до планот за повлекување, но и предупредуваат од опасноста на Ал Каеда.

Секојдневни самоубиствени атантати

Секојдневни самоубиствени атантати

Во три речиси истовремени бомбашки напади во градот Балад, според полицијата се убиени 60 лица, некои извори наведуваат дека животот го загубиле 85 лица. Сведоците потврдуваат дека тројца атентатори самоубијци се дигнале во воздух, во градот кој се наоѓа на околу 80 километри од Багдад. Во нападот се повредени и околу 100 луѓе, меѓу кои и шефот на полицијата на Балад. Во Багдад пак во напади и престрелки животот го загубија 16 лица, а во напад во Рамади, западен Ирак убиени се пет американски војници.

Во четвртокот во американскиот конгрес, командантот на трупите во Ирак, генрал Џон Абизејд, предупреди од опасноста која и натаму доаѓа од терористичката мрежа Ал Каеда. Абизејд појасни дека е познато оти Ал Каеда бара оружје за масовно уништување и нема да се двоуми да го употреби

„Ова не е мое мислење. Ова е она што тие го велат. Треба да се признае тие сакаат да го сторат тоа и ништо нема да ги сопрет да се обидат.“

При сослушување во Сенатот пак, генерлот Џорџ Касеи не сакаше да го наведе точниот број на војници и временски план за повлекување на американските трупи од Ирак. И двете работи зависат од уставот во октомври и новата влада во декември.