1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов бомбашки напад во центарот на Дамаск

Најмалку 13 луѓе загинаа и над 70 се ранети во денешната експлозија во Марџех, во Дамаск, соопшти сириската група за заштита на човекови права.

Државната телевизија јави дека се случила „терористичка експлозија во дистриктот Марџег“ и дека има жртви, не наведувајќи број. Експлозијата во близина на МВР се случува само еден ден по експлозија во конвој автомобили чија цел беше премиерот Ваел ел Халки, кој остана неповреден. Целта на денешниот напад се’ уште не е позната, иако на снимките се гледа дека во близина на експлозијата се наоѓа зградата на сириското министерство за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи Мохамед ал-Шар оцени дека нападот е „пропаднат одговор на неодамнешните успеси на сириската армија против силите на бунтовниците“.

Бунтовниците во последниот период ги интензивираа нападите во главниот град Дамаск. Центарот на градот зачестено е мета и на минофрлачки напади од околните населби. Во бомбашки напад во јули минатата година загинаа четворица соработници на претседателот Башар ал-Асад, меѓу нив и неговиот зет Асеф Шавкат, како и министерот за одбрана.

Во граѓанската војна во Сирија досега животот го загубија повеќе од 70 илјади луѓе, според проценките на ОН.