1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов блиско-источен самит во Шарм ел Шеик

Денеска во египетското одмаралиште Шарм Ел Шеик се одржува средбата на врвот меѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Ехуд Олмерт.

default

Палестинскиот Претседател Махмуд Абас

Средбата, на која ќе учествуваат и египетскиот претседател Хосни Мубарак и јорданскиот Крал Абдула Втори, има за цел да му ја зајакне позицијата на претседателот на Палестинците во борбата за моќ со радикалното движење Хамаз, кое веќе десетина дена го држи под окупација Појасот Газа. Извештај на Ханс Јоаким Визе.

Со преземањето на власта во Појасот Газа од страна на радикалното палестинско движење Хамаз дојде до радикална промена на израелскиот став кон Претседателот на Палестинците, Махмуд Абас. Тој претходно се сметаше за слаба политичка фигура, која не располага со доволно политичка моќ за со неа да може да се водат преговори. За таквата позиција на Абас меѓутоа делумно барем беа виновни Израелците, бидејќи преземаа мерки што уште повеќе го слабееја неговото влијание. На пример, ги блокираа финансиските средства од даночните приходи, што им припаѓаат на палестинските автономни власти. Затоа, сега во изменетата ситуација израелската влада под притисок од САД го менува ставот. Така кабинетот на премиерот Ехуд Олмерт вчера итно донесе одлука за одмрзнување на спомнатите даночни средства во висина од 350 милиони долари.

“Сакаме да ги искористиме можностите што се отвораат по најновите настани во Појасот Газа за да го придвижиме дипломатскиот процес со Палестинците и да и‘ пружиме поддршка на палестинската влада, што не е под раководство на Хамаз“ - порача Олмерт.

Израел се надева дека со поддршката за кризната влада на Абас и изолирањето на Хамаз ќе го придвижи палестинското население да се дистанцира од радикалната организација што Западот ја смета за терористичка. Изолирањето на Хамаз меѓутоа предвидува и комплетна блокада на Појасот Газа, политички и економски. Само прехрамбените производи, водата и лековите се исклучок од блокадата на Газа.

Очекувањата од денешната средба во египетското одморалиште Шарм ел Шеик се различни. Додека израелскиот премиер Олмерт предупреди од преголеми очекувања, советникот на палестинскиот претседател, Јасер Абед, изјави оти цел е заживување на мировниот процес.

“Успехот на самитот зависи од решението на израелската страна да ги продолжи политичките преговори за конечниот статус, за да се постигне договор за создавањето независна палестинска држава во границите од 1967-мата и со Источен Ерусалим како главен град.“