1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов баланс на моќта

Барак Обама на првата турнеја по Азија беше конфронтиран со драматична промена на глобалниот баланс на моќ.

default

Барак Обама со поинаков тон од претходниците

Само неколку дена пред Барак Обама да отпатува за Азија, Германија ја прослави 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Според многумина, крајот на комунистичкото владеење во Источна Европа значеше конечна победa на Западот. Некои зборуваа за „крај на историјата“. Се чинеше дека САД останаа сами, како единствена суперсила, со дотогаш невидени чувства на надмоќ.

Колку темелно се променила ситуацијата во последните две децении, може да се види пред се‘ од посетата на Обама во Пекинг. Тонот на американскиот претседател, во споредба со тонот на поранешните американски претседатели, беше невообичаено помирлив. Уште во неговиот говор во Токио, на почетокот на патувањето, тој рече дека САД не сакаат да ја ограничуваат Кина и дека подемот на силна и просперитетна Кина и‘ е од полза на меѓународната заедница. Во Шангај и Пекинг, Обама избегна секаква директна критика. Тој формално и‘ се поклони на кинеската култура и кажа пофални зборови околу значењето на Кина во светот. Дома, за Обама сигурно ќе има критики поради ваквиот настап.

Не се менува политиката на САД, туку економската реалност

Но, во новиот начин на однесување помалку се отсликува промената на политиката на Белата куќа, а многу повеќе промената на, пред се‘, економската реалност. Американскиот претседател во Пекинг го посети донаторот на американската администрација, без тоа во американската политика не се движи ништо - од војната во Авганистан, преку спасувањето на ослабените фирми во финансиската криза, до реформата во здравството. Во кинески раце се над 800 милијарди долари од американските државни обврзници. САД се упатени на тоа Пекинг да купува уште обврзници.

Symbolbild zwischen China und USA Flash-Galerie

Има ли Западот интелигентни одговори на новата ситуација во светот?

Кога американскиот претседател Бил Клинтон, кој пред ТВ-камерите во 1998 година во Пекинг, го критикуваше задушувањето на демократското движење, ситуацијата беше поинаква - САД на Шпанија и‘ должеше повеќе пари отколку на Кина, а размената на производи со Мексико беше двојно поголема.

Конкуренција на системи

Денеска Пекинг дејствува од позиција на релативна сила. Притоа, таа избегнува отворена конфронтација со САД. Пекинг зазема позиција на „чекање“, но не дозволува да биде втурнат во нешто што е спротивно на неговите непосредни интереси. Затоа има толку малку опиплииви резултати во сферата на климата, кај темата Иран и во делот на економските прашања. Она што кинескиот претседател Ху Џинтао го рече за човековите права, важи и за многу други полиња на политиката - постои единство дека има разлики!

Подемот на се‘ посамосвесна Кина, 20 години по падот на Ѕидот потворно го отвора прашањето на конкуренција на системи. Сега се бараат интелигентни одговори од страна на Западот.

Автор на коментарот: Матијас фон Хајн

Превод: Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска