1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов атентат во Багдад

Најмалку 24 лица загинаа денеска во самоубиствен напад на пазар во Багдад. Поголемиот дел од настраданите се жени и деца. Во нападот се повредени 39 луѓе. Како што соопшти полицијата нападот е извршен со автомобил бобма. Истовремено во напад врз полициска патрола во Багдад загинал еден ирачки полицаец, а уште тројца се ранети.