1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ново тело на ОН

По формирањето нов Совет за човекови права, вториот чекор во реформите на Обедиентите нации е создавањето Комисија за мир.

Кофи Анан

Кофи Анан

Досегашните искуства покажаа дека по војните е можно обезбедување на мирот од страна на мисии на Обединетите нации до колку постојат јасни концепти за обнова на конкретната држава. Концепти веќе има: на пример Балкан, но не се координирани на нивно на Светската организација. Денеска ќе се одржи првата седница на новата комисија:

Комисијата е само мал чекор во реформата на Обединетите нации, но голем за оние луѓе што преживеале војна. Генералниот секретар Кофи Анан објаснува:

„Овој новитет означува точка на промени во нашите напори да им помогнеме на државите да ја минат тешката фаза од војна кон мир„.

За германскиот амбасадор при Обединетите нации Гинтер Плојгер, ваквата комисија одамна беше потребна:

„Искуството покажува дека најдоцна пет до 10 години истиот конфликт повторно се разгорува, ако не се ангажира меѓународната заедница„.

Тоа во моментов се покажува со заострувањето на ситуацијата во Источен Тимор каде што годинава повторно се судрија ривалските армиски сили.

Новото тело од 31 земја – членка треба да се грижи за тоа светската заедница да се ангажира долгорочно во некој кризен регион за што би биле ставени на располагање соодветни ресурси и инстутици надвор од Обедиентите нации како Светската банка или Европската унија. Сето тоа нема да биде лесно, зашто веќе сега нема доволно пари иако станува збор за мирот, како што вели амбасадорот Плојгер:

„Во мометов имаме 18 мировни операции на 4 континенти, а трошоците пораснаа од околу 3 ипол на пет милијарди долари„.

Ќе пораснат за уште две ако Обединетите нации ја преземат досега најголемата мисија во Дарфур. И покрај тоа, германскиот дипломат е оптимист дека комиисјата ќе може да ги обезбеди потребните средства:

„Мирот и заштитата од конфликти секогаш се поефтини од самата војна„.