1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ново судење за поранешен припадник на СС

Речиси 70 години по крајот на Втората светска војна, 92.годишниот поранешен СС офицер се соочува со судење за убиство на член на холандскиот отпор. Се очекува ова да биде еден од последните процеси од ваков вид.

Судењето започнува денеска во германскиот град Хаген, каде пред судот ќе се појави Зирт Бруинс, Германец роден во Холандија.

Тој е обвинет за убиство на холандскиот борец на отпорот Алдерт Клаас Дијкема. Убиство кое се случило во септември 1944, додека Бруин бил стациониран на холандско - германската граница. Бруинс заедно со уште еден негов соборец најпрво го заробил Дијкема, а потоа и го убил, истрелувајќи му четири куршуми во грбот.

Бруинс признал дека бил член на СС единиците, и дека бил присутен кога Дијкема бил убиен, но тврди дека убиството го извршил неговиот соборец, кој е веќе починат. Доколку биде осуден Буинс се соочува со доживотна казна затвор. Во 1949. судот во Холандија во отсуство го осуди Бруинс на смртна казна, која подоцна е преиначена во доживотен затвор, за учество во три стрелања вклучувајќи го и тоа на Дијкема.

Бруинс го избегнал служењето на казната со тоа што пребегнал во Германија, каде германските државјани се заштитени од екстрадиција. Тој своето државјанство го добил во мај 1943, кога Хитлер со декрет им доделил државјанства на сите соработници на нацистите. Бруинс исто така бил осудуван и одлежал седум годишна казна во осумдесеттите во Германија за соучество во убиство на двајца Евреи во Холандија.

Бројот на воени осуденици се намалува

Околу тринаесет илјади нацистички војници се осудени по Нирнбершките судења во 1945 - 46. Судењето на Бруинс се очекува да биде едно од последните. Уште еден поранешен СС офицер, Хејнрих Бере беше осуден на доживотна казна за убиство на тројца холандски цивили во март 2010. Се проценува дека околу 30,000 холандски државјани соработувале со нацистите за време на окупацијата.