1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ново средство за борба против отпорните тумори

Француските научници од Институтот Кири, кој годинава одбележува 100 години од основањето, пронајдоа начин кој ги наведува канцерогените клетки да се самоуништуваат и да не се размножуваат.

default

Станува збор за една молекула наречена „Dbait, bait“- во превод мамка (мали фрагменти од ДНК), кои едноставно ги „разоружуваат“ заболените клетки, давајќи им лажни информации дека се нападнати со што ги спречува да се обновуваат и истовремено тие стануваат понеотпорни на радиозрачењето. Болната клетка наместо да се множи и да го потхранува туморот, се самоуништува.

Овој засега експериментален метод влева голема надеж за заболените од тумор во пределот на главата и вратот, бидејќи како што најавуваат од Париз, првите клинички тестови ќе започната да се спроведуваат кон крајот на 2010, односно на почетокот на 2011 година. Во половината од терапиите за лекување на ракот се користат силни радиоактивни зраци или хемиски препарати кои делуваат врз заболените клетки. Овие терапии имаат за цел да ја елиминираат заболената клетка со создавање на штета директно во нејзината внатрешност. Клетките пружаат отпор на надворешните напади, испраќајќи го нивниот одбранбен механизам за поправка на штетата, со што ја отстрануваат предизвиканата штета. Така радиотерапијата, или хемиотерапијата, немаат никаков ефект и туморот продолжува да се развива.

Научниците веќе подолго време се обидуваат да најдат начин со кој ќе ги „разоружаат“ заболените клетки и ќе ги направат понеотпорни на класичните терапии. Група на француски научници од Институот Кири, изгледа дека се на пат да најдат решение, кое се темели на збунувањето на одбранбениот механизам на клетката. Биологот Мари Дутрекс, инаку шеф на екипата која работеше на проектот објаснува дека тимот ги измислил малите молекули наречени „Dbait, bait“, кои се еден вид на мамка. Тие молекули се ставаат во клетките и ја имитираат штетата предизвикана од зрачењето.

Лажен напад

Овие молекули, мали фрагменти од „ДНК“ ги залажуваат клетките дека се нападнати, односно тие го имитираат оштететениот геном, по што се активира одбранбениот механизам.

22.07.2005 pz krebs

Клетки на тумор

Во обидите да ја поправат непостоечката штета, клетките се истоштуваат и стануваат почувствителни на вистинските напади. Канцерогената клетка се обесхрабрува и откако ќе дојде до заклучок дека не може да ја поправи предизвиканата штета, избира да се самоуништи. Дутрекс објаснува: „Замислете си десет илјади напади кои се појавуваат истовремено. Клетката ќе ја испрати целата своја одбранбена армија да ги спречи овие мали напади и кога вие ќе го извршите вистинскиот напад, кој реално е опасен, во тој момент одбранбениот механизам на клетката е зафатен на друго место и таа повеќе не може да се заштитува против третманот.“

Станува збор за подготвителен третман пред хемотерапијата, со што тие стануваат поефикасни. Дутрекс забележува дека станува збор за молекули кои ќе им дозволат на традиционалните терапии без разлика дали станува збор за хемотерапијата или радиолошка терапија да делуваат на начинот на кој треба да делуваат, односно да ги уништуваат болните клетки.

Намалување на зрачењето

Со вбризгувањето на молекулите на „Dbait“ во лабараториските глувци, носители на тумори отпорни на радиотерапија, за прв пат беа спасени половина од заболените експериментални животни. Ваквиот пристап, како што резимира Мари Дутрекс, носи повеќе предности. На почетокот тој не е токсичен за здравото ткиво околу туморот, што не е случај со хемиотерапиите кои вообичаено се даваат заедно со радиотерапиите. И за разлика од лековите, тие се однесуваат на општиот механизам на поправка на Дезоксирибонуклеуинската киселина - ДНК, со што станува поневеројатна појавата на канцерогени клетки отпорни на третман.

„Всушност ние успеавме со нашиот метод да ги претвориме туморите кои не знаевеме да ги лекуваме во класични тумори, кои со напредокот на медицината сега стануваат излечиви. Третманот може да се очекува најверојатно кон крајот на 2010 или почетокот на 2011“, вели Мари Дутрекс шефот на тимот научници. Резултатите од колективната работа на француските научници доведоа до патентирање на изумот. Научниците се надеваат дека терапијата може да најде примена пред се во лекувањето на туморот во пределот на вратот, главата и меланомите, но и за сите видови на радиотерапија. Овој револуционерен метод ќе треба да ја намали дозата на зрачењето, кое станува поефикасно и помалку штетно за здравите клетки.