1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ново примирје меѓу Фатах и Хамас

По најновите борби во палестинските подрачја, раководствата на ривалските групи Фатах и Хамас се договрија за ново примирје. Како што соопшти владиниот портпарол Гази Хамад, високи претставници на двете страни се договориле да ги повлечат своите борци од улиците. И покрај тоа има извештаи за одделни инциденти. И во минатото ваквите договори се одржуваа само кусо време. Од неделата во борбите меѓу Хамс и Фатах, загинаа најмалку 8 лица, додека преку 70 се ранети.