1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ново обвинение против докторот кој го лоцираше Бин Ладен

Властите во Пакистан покренаа нов процес против докторот Шакил Африди кој се смета за најзаслужен за пронаоѓањето и убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен

Пакистанскиот доктор Шакил Африди обвинуван дека им помогнал на САД да го пронајдат поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, сега е и официјално обвинет за убиство во текот на операција за која пакистанските власти тврдат оти не смеел да ја изведува.

Според соопштението, Шакил Африди (на фотографијата), кој во затвор чека на ново судење во врска со убиството на Бин Ладен, е обвинет дека во 2006. извел операција на слепо црево врз едно дете кое набрзо починало поради компликации. Мајката на детето поднела тужба против Африди.

Пред неколку месеци, пакистанскиот правосуден комесар ја преиначи пресудата за Африди за неговата улога во убиството на Бин Ладен, откако првично беше осуден на 33 години затвор.

Американскиот Стејт Департмент изрази загриженост поради новиот процес против Африди.

„Помошта на доктор Африди во утврдувањето на локацијата на Бин Ладен беше услуга за целиот свет, а посебно за Пакистанците кои ги загубија своите најблиски и страдаа поради Ал Каеда“, изјави портпаролката на Стејт Департментот Џенифер Псаки.