1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ново обвинение за Санадер?

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер наскоро би можел да биде обвинет и за учество во нелегална продажба на електрична енергија на два комбината во Хрватска. На Санадер веќе му се суди за воено профитерство.

default

Иво Санадер (во средина) за време на процесот за воено профитерство

Хрватското електростопанство според сомневањата на истражните органи, при нелегалната продажба на струја на шибеничкиот комбинат ТЛМ и на мостарскиот Алимуниум, било оштетено за 600 милиони хрватски куни односно 79, 7 милиони евра. Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер би можел да биде обвинет за учество во ваквата нелегална продажба на струја.
На Санадер веќе му се суди за воено профитерство, односно примање провизија на Хипо банката, и земање на десет милиони евра мито од унгарската компанија МОЛ за преземање на „Ина“, а покренато е и обвинение во случајот на „Фими медиа“ преку кои веќе се полнеа црните фондови на ХДЗ.
Според пишувањето на „Вечерњи лист“, Санадер веќе следниот петок, поради нелегална продажба на струја, би можел да ја изнесе својата одбрана пред истражителите на Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал.

Автор:СН/АМ/бета/миа

Редактор: Симе Недевски