1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ново насилство во Нигерија

Десетици лица загинаа и беа ранети во нови судири во централниот дел на Нигерија, кој ги раздвојува претежно христијанскиот југ и муслиманскиот северен дел на земјата

Најмалку 20 лица загинале, а околу 50 се повредени во насилството што избувна во близина на нигерискиот главен град Абуџа, соопшти вчера Црвениот Крст на Нигерија.

Судирите започнале во петокот во селото Асакио во нигериската држава Насарава, поради што околу 6 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Причините за судирите не се објавени .

Во централниот дел на Нигерија често избиваат судири меѓу претежно христијанскиот југ и муслиманскиот север.