1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ново мафтање со сабји

Џорџ Буш предупреди пред Трета светска војна: Иран треба да се спречи да изгради атомска бомба. Владимир Путин, веднаш реагираше: Русија има грандиозни планови за модернизација на својата армија.

default

„Џорџ„ и „Владимир„ веќе не се тоа што сакаа да бидат: пријатели.

Пред седум години светот се уште беше во ред: Советскиот сојуз одамна беше минато, а претседателот Буш гледаше со оптимизам кон иднината со новиот пријател:

„Колку подобро го запознавам претседателот Путин, толку подлабоко можам да погледнам во неговот срце и душа и толку сум посигурен дека добро ќе соработуваме„.

Потоа стигнаа нападите од 11 септември и ирачката војна која од Путин беше оценета како грешка. Имаше и има различни позиции за иранската атомска програма, и меѓусебни обвинувања за недемократичност или за кршење на човековите права. Потоа и спорот околу руските испораки на оружје, меѓу другите на Сирија, и московскот „не„ за стационирањето американски ракетен систем во Источна Европа. Сега Буш индиректно се заканува со Трета светска војна, ако Иран, и со руска помош, не биде спречен да изгради атомска бомба. Путин контрираше со најавата дека ќе го модернизира сопствениот атомски арсенал. Можеби се уште можат да се нарекуваат Џорџ и Владимир, но пријатели веќе не се. Буш се надеваше, како и многумина Американци, дека Путин наскоро ќе го нема на политичката сцена. Во секој случај еднаш го праша за неговите планови за иднината:

„Неодамна го прашав што има намера да прави откако ќе му заврши претседателскиот мандат, но тој, итрец, не ми одговори„.

Буш е разочаран и гледа дека погрешно го проценил. Слично и’ е и на американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс, но таа се искажува попретпазливо:

„Секогаш го гледав како некој што верува дека настапува во интерес на својата земја и дека притоа е отворен. Разлики во мислењата се појавуваат тогаш кога има различни ставови за тие интереси„.

Но, и Путин често имаше поинакво мислење за она што може и треба да го прави Америка. Така јазот стануваше се подлабок, вели Мајл Мекфол, политолог од универзитетот Станфорд, па сепак:

„Ова не е почеток на нова студена војна. Лошата вест е што ние имавме шанса една многу моќна земја да ја направиме сојузник на западната демократија. Таа шанса е пропуштена, па сега се станува малку потешко„.