1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ново крвопролевање поради религиозна војна во Ирак

Во Багдад повторно беше извршена серија напади во која загинаа голем број луѓе. Целта овојпат беа пред се' населбите со шиитско население. Со тоа дополнително ескалира религиозната војна.

Во серија напади во ирачкиот главен град Багдад загинаа најмалку 75 лица. Повеќе од 200 се повредени. Службите за безбедност и спасувачките екипи информираа дека во повеќе делови на градот експлодирале автомобил-бомби, најчесто на полните пазари.

Сунитите наспроти шиитите

Од нападите беа погодени претежно населби во кои живеат шиити. По нападите беа затворени многу продавници, додека голем број жители од страв од нови напади се повлекоа од улиците во своите домови.

Во Ирак се води борба за превласт меѓу сунитите и шиитити, два правци на исламот. Многу сунити сметаат дека не ги претставува владата на шиитскиот премиер Нури ал Малики. Кон сунитите меѓутоа припаѓаат исто и екстремисти од опкружувањето на терористичката мрежа Ал Каеда.

Религиозна војна

Тензијата последен пат беше зголемена откако армијата беше ангажирана за сунитска протесна манифестација на 23 април. Потоа следуваа редица крвави одмазднички напади врз шиитиите. Но и од страна на шиитите во последно време се изведуваат напади врз сунити. Според агенцијата АФП, само во месец мај во Ирак биле убиени повеќе од 500 луѓе. Насилството се' уште е под нивото од 2006 и 2007 година, но во рок од два месеци се убиени речиси илјада луѓе.