1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ново заладување на односите меѓу Црвенковски и Груевски

Македонија остана без амбасадор во Вашингтон во клучниот период од подготовките за идниот самит на НАТО.

Парламент-заглави и законот за полиција

Парламент-заглави и законот за полиција

Отповикувањето на македонскиот амбасадор од Вашингтон ги залади односите меѓу претседателот и премиерот.Под притисок на македонската влада македонскиот претседател го потпиша указот за повлекување на амбасадорот од САД само три месеци откако екс претседателот на Парламентот допатува во Вашингтон.

„Јас сум убеден дека новиот амбасадор ќебиде назначен за минимум уште шест до седум месеци,процедурата е таа.Ние имавме голема чест како Македонија јас за три недели да ја добијам согласноста на Стејт Департментот,а за две недели да ги предадам акредитивите,но тоа сега нема да биде така“,реагираше синоќа во телевизиски настап сега веќе разрешениот амбасадор Љупчо Јордановски.

„Чекорот е добар,тој ќе и покаже и на многу други во иднина како треба да се однесуваат“,рече македонскиот премиер,коментирајќи го позитивно потпишувањето на указот за разрешување на македонскиот амбасадор во САД.Груевски одбегна да го коментира острото предупредување на Црвенковски до владата,иако владата допрва ќе ги започне иницијативите за нов амбасадор во САД,пред значајните настани,како самитот на НАТО во Рига.

„Прв и последен пат да се случи ваков преседан.Јас се надевам дека оваа порака од страна на владата ќе биде одговорно и соодветно разбрана и прифатена“,рече претседателот Црвенковски во реакцијата веднаш по потпишувањето на указот за повлекување на македонскиот амбасадор од САД.

Во реалците со шефот на државата за премиерот Груевски е неприфатлива и идејата на опозицијата за организирање лидерска средба околу Законот за полиција,што е блокиран во парламентарната прпцедура со долги дебати и дополнителни амандмани.Откако опозициската ЛДП го напушти Парламентот,не е исклучено тоа истоот да го направи и ДУИ,затоа што спикерот не прифати претсрес за нивните нови шеесетина амандмани.Либерал демократите ќе бараат посредување на амбасадорите на ЕУ и САД,Фуере и Милованович.

„Важно е да им се посвети внимание на дополнителните консултации,верувам дека постои волја за неопходните разговори,без притисок да се оди пребрзо,но не и да се чека вечн“,рече амбасадорот на САД Милованович.

Законот за полиција треба да се донесе со соодветни консултации.Дали ваквото предупредување од амбасадорот на САД значи опомена или стимулација за владиниот кабинет,кој ја губи шансата Законот за полиција во Парламентот да се донесе со што поширока политичка согласност,на што инсистираат амбасадорите од западните земји,прашање е.