1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ново економско чудо во САД?

САД се на курс на економски подем, слика која ја презентира ОЕЦД во последниот извештај. И Аспен институт дојде до истиот заклучок. Според нивниот извештај економски мотор е класичното индустриско производство.

Сликата која ја дава реномираниот Аспен институт е розова: пораст на американското стопанство, повеќе работни места, повисок животен стандард, порамнет трговски биланс. И сето ова предизвикано со бум на класичното индустриско производство. Том Дустенберг, автор на студијата појаснува: „Пресметките ги темелиме врз основа на тоа што уделот на обработувачката индустрија во БДП ќе изнесува 15 проценти, исто како пред трите големи рецесии, дотком, најнилевен и големата рецесија“.

Во моментов индустриското производство придонесува со 12 проценти во американскиот БДП. Студијата прогнозира за 2025 година. Таа за САД предвидува 3,7 милиони работни места повеќе во индустриското производство - споредено со ситуација во која се’ продолжува да тече како и досега. Освен ова студијата прогнозира вкупното индустриско производство да биде повисоко за 1500 милијарди долари, соодветен пораст на Бруто домашниот производ како и позитивен трговски биланс, кои треба да бидат постигнати уште во 2024 година. Уделот на услужните дејности и на јавните служби во БДП ќе биде намален, нивниот пораст се успорува.

Склучување на меѓународни трговски договори

USA VW Werkseröffnung Chattanooga

Долго време се сметаше за речиси изумрена - американската индустрија за производство на автомобили

За бум во индустриските капацитети може да придонесат повеќе фактори, појаснува Том Дустенберг. „Кон тоа се вбројуваат поволни цени на струјата, пред се’ поради засиленото црпење на земјениот гас. Поволните цени на струјата се одразуваат врз извозот, имено зголемувањето на извозот ќе го поттикнуваат енергетски интензивните области како хемиската индустрија, индустријата на производство на метал и челичната индустрија. Освен ова потребна е промена на прописите и законите, пониски даноци за капитално-интензивното производство, и меѓународно изедначување на стандардите“.

Оттука на потег е законодавецот. Студијата препорачува во многу области да се продолжи патот по кој тргнаа САД: успешно да завршат започнатите преговори за слободни трговски зони со Азија и со Европа и да се оддржи засиленото користење на домашните ресурси со нафта и гас. Освен ова да се реновира и надгради националната струјна мрежа за да може повеќе да биде снабдена од ветерната и соларната енергија, да се поедностават правилата, да се зајакне образованието, претпремачкиот данок да се изедначи на просекот според ОЕЦД и да се зајакнат државните научни истражувања. Ова не се нови предози, меѓутоа нивното спроведување е тешко, вели Рон Булок, претседател на „Bison Gear & Engineering“. „Ќе биде потребно големо убедување во политичките кругови додека законодавците да покажат согласност, да ги спроведат овие разумни мерки за да се подобри економската состојба“.

USA, Georgia, Dalton, Fabrik Lexmark

Изработка на теписи во САД

Имено сфаќањата на демократите и републиканците би се конфронтирале: „Тие премногу се заплеткуваат во претежно неважни политички битки наместо да најдат заедничка линија и да се се подобри состојбата“, подвлекува Булок.

Онака како што во 80-тите, кога претседателот од редовите на републиканците Роналд Реган заедно со политичари од Демократската партија со даночната реформа создадоа основа за повеќе од еденодецениски стопански пораст, дополнува тој.

Она што е особено важно е: да се подобри образованието. Фирмите во САД постојано имаат потешкотии да најдат стручна работна сила. Булок, чија фирма во Сент Чарлс, Илиноис вработува 270 соработници вели: „Добиваме добри предлози од нашите пријатели во Германија, пред се’ што се однесува до обука на персоналот. Програмите за образование во техничките струки се добри примери за нас во САД, оти доста го запоставивме тој дел.“

Да се поттикне светското стопанство

Исто така и Чад Мутреј, шеф економист на Националното здружение за логистика се жали дека пости секспа во однос на неговата стопанска гранка: „Индустријата за производство се’ уште има негативен имиџ“.

Таа се смета за бучна и валкана, работа за оние кои се послабо образовани. Меѓутоа ова во меѓувреме се промени, високотехнологизираните реботни места бараат квалификувани работници. А бројот на реботните места се зголемува. „Претседателот тоа го сфати, но не и многу други политичари во Вашингтон и многу академици“, подвлекува Мутреј.

Студијата на Апсен институтот смета дека е добар иснтрумент, на политичарите да им се предочи „што би било ако...“.

„Таа ни овозможува да дискутираме за тоа, што ние и законодаците можеме да придонесеме, за да стигнеме до овој резултат“.

Меѓутоа за да може да се реализираат предвидувањата на Апсен институтот, САД се упатени не само на партнерите како азиатските земји или ЕУ за укинување на трговските бариери, туку и на робустното глобално стопанство, вели економистот Мутреј: „Остатокот од светот мора да ги купува нашите стоки. Многу работи зависат од тоа, повторно да го поттикнеме меѓународното стопанство.“