1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Новото Собрание се стокмува

Надлежната комисија ги усвои предлозите за тројцата потпретседатели на македонскиот парламент и одлуките за избор на претседателите на собраниските комисии. За првпат Собранието ќе има две жени потпретседатели.

default

Македонскиот парламент

Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ се предлози на пратеничките групи за потпретседатели на Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги утврди овие предлози и ќе ги достави до Собранието.

Утврдени и одлуките за составот на собраниските комисии

Првпат македонскиот Парламент ќе има две жени потпретседатели, а исто така првпат оваа функција ќе ја извршува жена Албанка. Макрадули и Јакимовска, по втор пат ќе бидат потпретседатели на Собранието, додека на Салиу ова и‘ е прв пратенички мандат. Пратениците ќе гласаат за утврдените предлози на следната седница, која најверојатно ќе биде закажана в понеделник.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ги утврди и одлуките за избор на претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.

Груевски има уште 10 денови за предлогот за состав на владата

Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski

Премиерот и мандатар за состав на идната македонска влада, Никола Груевски

Исто така, на денешната седница беа утврдени и одлуките за избор на шеф,
членови и заменици членови на делегациите во Парламентарното собрание на
Советот на Европа, во Парламентарното собрание на НАТО, во Парламентарното собрание на ОБСЕ, во Парламентарната димензија на Централно - европската иницијатива (ПС ЦЕИ) и во Парламентарното собрание на Медитеранот.
Овие одлуки ќе бидат разгледани на собраниска седница и пратениците треба да
се изјаснат за нив. Инаку, се‘ уште не е закажана собраниската седница на која треба да се избира новата Влада на Република Македонија. Мандатарот Никола Груевски има рок уште 10 дена да го предложи составот на новиот владин тим.

Автор:СН/ЕМФ/макфакс/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска