1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Новото партнерство меѓу Русија и Кина не е по мерка на Западот

Новиот председател на Кина, Си Џинпинг тргнува на своето прво патување во странство и тоа во соседна Русија. Посетите и средбите од овој вид не се чести. Пред него Ху Џинтао во Москва престојуваше дури пред 10 години.

Кога новиот председател на некој држава и официјално ја преземе должноста, цел свет во детали ги следи неговите први чекори. Врз таа основа се донесуваат заклучоци за политичката ориентација на новоизбраниот председател. Ништо поразлично не е ниту со Кина. Како прв странски гостин, Џинпинг во вторникот на 19. март, го прими американскиот министер за финансии Џек Лев. Симболиката на таа средба се огледува единствено во фактот дека Кина добар дел од својот трговски суфицит го има вложено во американските државни обврзници.

Пример, непријател, партнер...

Новиот кинески претседател се сретна со американскиот министер на домашен терен, а првото патување надвор од границите на Кина, Џинпинг го води во Москва. Односите на двете соседни земји не е лесно да се дефинираат. Во новата историја беа доста променливи. За Пекинг, Москва за време на Советскиот сојуз беше модел за углед, потоа непријател, а на крај партнер. Во текот на 50-тите години на минатиот век Русија во Кина прати илјадници експерти, за да и помогне на „братска“ Кина. Идеолошките разијдувања доведоа до длабок раскол, кој ескалираше на крајот на 60-тите во прекугранично пукање.

Putin Peking


Во меѓувреме, и Пекинг и Москва негуваат несентиментално, но наменско партнерство, кое често навлегува во сферата на стратешко. Политикологот Гунтер Шуберт, германски стручњак за Кина, вели дека на Запад, на партнерството меѓу Русија и Кина се гледа негативно. За тој експерт посетата на Џинпинг е симбол и сигнал дека Кина има кому да му се обрати, и оти тоа не мора да биде Западот.

Сигнал до Западот

Односите на двете земји многу интересно ги опиша рускиот претседател Владимир Путин во еден текст, објавен пред посетата на Пекинг, во јуни 2012: „Најважно е  сите разумни политичари и економски експерти, стручњаци за меѓународни односи да сфатат, дека се’ што е на глобалната агенда не може да им се реши зад грб на Русија и на Кина и без разбирање за нивните интереси.“

Во прилог на таа теза зборуваат и резултатите на гласањата во Советот за безбедност на ОН. Во највисокото безбедносно тело на ОН, Кина најчесто ја следи позицијата на својот партнер од соседството. Тоа посебно се огледа во прашањата, кои премногу не го интересираат раководството во Пекинг, како што се случувањата во Сирија или во Иран. За возврат се очекува поддршка од Русија во прашањата и споровите од просторите на источна Азија.

За Гу Суеву од Универзитетот во Бон нема многу дилеми, што би можело да се најде на дневен ред на разговорите на кинескиот претседател во Москва. Имено тоа ќе бидат прашањата од стратешко значење за двете страни. Значи, на прво место трговските односи, но и продлабочување на воената соработка, со оглед на тоа дека и Пекинг и Москва, сметаат оти Вашингтон последните години значително повеќе се интересира за случувањата во Азија.

China Land und Leute Innere Mongolei Grenzstadt Manzhouli

Енергенси за индустриски производи

Трговската размена меѓу Кина и Русија последните 2 години премина 40 проценти. Во текот на 2011. достигна сума од 83,5 милијарди американски долари, со тоа Кина уште во 2010 година на позиција на најважен трговски партнер на Русија ја замени Германија. Меѓутоа, Русија не во потполност задоволна од трговските структури. Во Кина стигнуваат бројни суровини, разни енергенси, дрво, минерали. Од Пекинг за Москва се испраќаат високоразвиени индустриски производи. Тоа во иднина би можело да се смени, смета Гу, истакнувајќи дека Русија во Кина би можела да извезува нуклеарна технологија.


Кога станува збор за воената соработка, Русија и Кина редовно организираат средби на високи воени службеници, заеднички воени вежби. Во април минатата година, за прв пат еден таков воен маневар е изведен на отворено море и соработката на тој план и понатаму се проширува.