1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Новости од економијата

Потрошувачите во Германија релаксирано реагираат на кризата, Унгарија ги исполни критериумите за пакетот финансиска помош од ММФ, а во надеж за брзо опоравување, берзите во Азија денеска бележат позитивен тренд.

default

Три четвртини од германскиот извоз минатата година беа реализирани во соседните европски земји. Според податоците од Сојузниот завод за статистика, извозот севкупно достигна вредност од 955 милијарди евра. Втор најважен пазар за пласман на германски стоки е Азија, со удел од 12 насто, пред Америка со 10 проценти. Увезени биле стоки во вредност од 819 милијарди, од кои 72 процента од Европа, 16 од Азија и девет од Америка.

Потрошувачите во Германија и натаму релаксирано реагираат на поплавата од негативни вести од стопанството. Потрошувачката клима останува стабилна и во првиот квартал од годинава, покажува анкетата спроведена од Друштвото за истражување на потрошувачката. Друштвото предвидува во април прво опаѓање на индикаторот за потрошувачка од октомври минатата година наваму, но за само 0,1 процентен поен.

Германската влада планира да ја продолжи до крајот на годината поддршката за производителите на автомобили со премија од 2500 евра за расходувано возило постаро од девет години. Премијата може да се употреби само за набавка на нов автомобил. Според весникот „Ханделсблат“, за оваа цел ќе биде потребна дополнителна милијарда евра. Досегашните средства во износ од една ипол милијарда се веќе речиси исцрпени. Од здружението на автомобилската бранша соопштија дека кај трговците има 570 илјади купопродажни договори за автомобили, со кои купувачите сакаа да си ја обезбедат премијата од државата.

Во Германија во моментов има околу 40 милиони патнички автомобили, соопшти Сојузниот завод за статистика. Во последните пет години порастот изнесува 3,4 насто, што е сепак значително помалку отколку во петгодишниот период 1998 до 2003, кога порастот изнесуваше 8,7 проценти.

Унгарија ги исполни сите критериуми од пакетот за финансиска помош со обем од околу 12 милијарди евра, договорен во ноември минатата година, оцени Меѓународниот монетарен фонд, и одобри исплата на натамошна транша од 2,35 милијарди евра од одобрената помош.

Со надеж за брзо опоравување на американското стопанство, берзите во Азија денеска бележат позитивен тренд. Скок е регистриран на берзите во Јужна Кореја, Хонгконг, Тајван, Сингапур и Кина. Индексот Никеи во Токио достигна највисока вредност за последните два ипол месеца.

Подготви: Зоран Јордановски

Уредник: Трајче Тосев