1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Новогодишните пораки во знакот на кризата со еврото

Во новогодишните пораки од претставниците на црквата и на политката важна улога играа еврото и должничката криза. Преовладува и пораката за зачувување на моралните вредности.

Двете големи цркви во Германија во нивните новогодишни пораки ги предупредија луѓето од резигнација со оглед на политичките кризи. Надбискупот од Фрајбург и претседател на Германската бискупска конференција, Роберт Цолич, порача дека

Erzbischof Robert Zollitsch

Надбискупот Роберт Цолич

општеството и политиката не смеат да попуштат во процесот на намалување на огромните државни задолжувања на Германија. Во моментов несигурноста и стравот го диктираат развојот на работите, затоа одговорните, оние кои ги носат одлуките, сега мора да побараат поддршка.

Претседателот на Советот на евангелистичката црква во Германија, Николаус Шнајдер, во неговата новогодишна порака, истакна дека Господ, и покрај вознемирувачките вести, ни подарува верба, трпение и животна храброст. Повеќе евангелистички бискупи ги повикаа луѓето да го преиспитаат својот животен стил и на поголема солидарност.

Германската канцеларка Ангела Меркел во новогодишната порака навести дека Германија ја чека уште една тешка година. Со оглед на кризата со еврото канцеларката се заложи да и‘ се верува на заедничката валута. Иако патот е долг и

Papst Benedikt Urbi et Orbi Weihnachten 2011

Папата Бенедикт Шеснаесетти

мора да се смета на натамошни назадувања, вели Меркел, Европа и еврото на крајот ќе излезат посилни од кризата.

Папата Бенедикт Шеснаесетти ја повика црковната заедница во новата година, вербата да ја пренесуваат „со мисионерска ревност“. Пред се’ младата генерација е погодена од економската криза, но и од кризата за вредностите. За нив е важно, на дезориентираноста да и‘ се одговори со нова организација на верата. Денеска во Рим папата ја одржа и новогодишнатa миса, која традиционално е во знакот на католичкиот ден за мир во светот.

Автор: АТ/ ЖА/ дв/ дпа/ дпад/ епд

Редактор: Жана Ацеска