1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Новогодишните обичаи во Германија

Во Германија денот воочи доаѓањето на Новата Година се нарекува Силвестер, според Папата Силвестер, кој починал на 31 декември во 335 година од нашата ера.

default

Новогодишен огномет во Берлин

Секоја земја има сопствени предновогодишни и новогодишни обичаи и традиции. Шпанците на полноќ на секој удар на црковните ѕвона јадат по едно зрно грозје и си посакуваат по една желба. Грците во новогодишното утро сечат колач во кој се наоѓа паричка, и исто како во Македонија за Бадник или за Василица, оној што ќе ја открие паричката во своето парче торта ќе има среќа во Новата Година. Какви новогодишни обичаи негуваат пак Германците?

Новогодишната ноќ без огномет е незамислива- и тоа не само во Германија. Но еве што велат Германците за тоа како го минуваат времето до огнометот:

„Не знам спонтано“

„Со пријателите и семејството дома- во мал круг. не има вкупно десет“

„Дома со членовите на семејството а потоа на полноќ се пие една чаша пенливо вино - сект“

„Јас со пријателот ќе одам на домашна забава“.

Традиции кои потекнуваат од Средниот век

Многу Германци во новогодишната ноќ одат на забави и балови кои се одржуваат на необични места. Колку пооткачено толку подобро, вели овој млад човек, кој Новата Година ќе ја дочека на следниов начин:

Feuerwerk und Böller für Silvester

Продажбата на пиротехнички средства е дозволена само три дена во годината.

„Со семејството. Веќе купивме се’ и одиме заедно во Холандија. Таму има еден прод кој плови наваму-натаму. Има новогодишна вечера со убаво бифе. Многу убаво“

И точно на полноќ, кога се слави со бакнежи и пенливо вино, конечно доаѓа огнометот. германците секоја година за ракети, прскалки и слични работи издвојуваат 100 милиони евра. Традицијата во новогодишната ноќ да се направи бучава потекнува уште од Средниот век кога луѓето со тропалки оделе на улиците за да ги истераат лошите духови. Подоцна дојдоа барабаните, тромпетите, црквените ѕвона и други инструменти.

Во Германија денот воочи доаѓањето на Новата Година се нарекува Силвестер. Знаат ли Германците од каде доаѓа името Силвестер што го означува крајот на една година?

„Не искрено кажано: не“

„Мислам дека тоа е некој бискуп. Светец е колку што знам“

„Да тоа бил Свети Силвестер, кој бил роден на 31 декември“

Речиси точно: Тоа бил Папата Силвестер, кој починал на 31 декември во 335 година од нашата ера.

И на првиот ден од Новата година истотака треба да се внимава на некои нешта, ако се сака , новата година добро да тече. Супата од леќа или свинското месо на масата за ручек се симбол за благосостојба. Рибата значи добра иднина бидејќи секогаш плива напред. Оној кој за Нова Година закачува облека за сушење, самиот е виновен доколку во Новата Година мора многу да работи. Среќа истотака е и кога утротот на Нова Година се има добар рецепт против мамурлук по претерантото пиење алкохол, се разбира ако е потребно:

„ Кај мене никогаш не било толку лошо.“

„Не пијам премногу“

„Не пијам толку многу, не поднесувам многу алкохол. Тогаш заспивам и ја пропуштам Новата Година“

„Се вели дека треба да се јаде кисела харинга наредниот ден за доручек. Но дали тоа навистина помага? Мислам дека од тоа некому ќе му се повраќа уште повеќе. Или се вели дека рано наутро да се пие , она што си го пиел последно вечерта. Но дали тоа навистина помага?

BdT Silvester und Neujahr

„Среќна Нова Година“ со неизбежното шампањско!

Здравјето е најважно

Но кога мамурлакот конечно ќе биде победен и главата ќе биде чиста, многу луѓе, имаат цели што си ги поставуваат за во Новата Година, но не сите

„Не, човек никогаш не ги остварува “

„да еден ден конечно да прекинам со пушењето- барем тоа“

„Секоја година имаме добри новогодишни цели. Но не ги остварувам“

А како стојат работите со убавите Новогодишни желби?

„ Се надевам дека Новата Година ќе биде добра. Но целата политика има тенденција во насока во која човек не знање точно каде одиме?

„ Си посакуваме само здравје. И мислам дека тоа е најважното нешто што можеме да си го посакаме.

„Здравје и мир во светот- тоа е најважното“

Aвтор: Дафне Гратфол/Симе Недевски

Rедактор: Борис Георгиевски