1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нови фитнес трендови

Трендовите како Зумба и Боди Комбат само што се појавија, а во светот на фитнесот веќе се подготвуваат новитети. Се‘ попопуларни се екстремните тренинзи како Британскиот воен фитнес.

Зумбата, како што се прераскажува, настанала сосема случајно - наводно тренерот по фитнес Алберто Перез ја заборавил својата вообичаена музика за тренинг, па наместо тоа ја пуштил својата омилена музика - салса и меренге. Тренингот бил многу забавен, па така е роден новиот тренд. Така барем се зборува. Она што е сосема извесно е дека Зумбата во моментов е една од најбараните фитнес програми. Во нејзе се искомбинирани салса, меренге, самба и други латиноамерикански стилови на танцување. За време на танцот се користи целата мускулатура и така се добива ефектот од тренингот.

Танцот се потценува

Со оглед на тоа што фитнес-пазарот постојано се менува, веќе се развиваат и различни видови Зумба. Брендот се развива стратешки - тренерите мора редовно да ги обновуваат своите лиценци, а официјалната Зумба-музика може да се користи само на оригиналните Зумба-тренинзи. Во меѓувреме, Зумба-тренингот е прилагоден на различни старосни групи, на пример - Зумба „голд“ за постари лица, Зума „тонинг“ за оние во подобра форма и Аква-Зумба која се тренира во базени.

Zumba-Kurs in einem Tanzstudio in Berlin

Зумбата се развива стратешки

Ш-Бам (Sh Bam) е уште еден тренд од областа на фитнес програмите инспирирани од танц. Тренингот трае 45 минути и кореографијата се менува на неколку минути. Нивото на тежина е такво што почетници можат да се вклучат веднаш. Секои три месеци се менува комплетната кореографија за на посетителите на курсот да не им биде здодевно.

Зумба и Ш-Бам се два вида тренинг осмислени така што посетителите на курсевите воопшто немаат впечаток дека тренингот е тежок. Притоа, многу е важна врската меѓу танцот и фитнесот. „Танцот често се потценува“, вели професор Клаус-Михаел Брауман, стручњак за спортска медицина на Универзитетот Хамбург. „Танцот има многу важна кондициона компонента. Тука треба да се додадат и напрегнатоста на мускулатурата и координацијата. По него човек е исто толку уморен како по напорниот курс Спининг.“

Борба против сопственото тело

Zumba-Kurs in einem Tanzstudio in Berlin

Ефектите од танцот често се потценуваат

На германската студентка Леони токму таа комбинација на тренинг и забава и‘ го направила фитнесот привлечен. Тренирањето Ш-Бам покажало подобри резултати од џогингот. Но кога постигнала одреден степен на кондиција, Ш-Бам станал недоволен, па се свртела кон други трендови. Леони почнала со Боди Комбат, еден вид Тае Бо. Во него боречките техники од Кунг Фу, Таи Чи, карате и кик-бокс се комбинираат со елементи на аеробик, сето проследено со хип-хоп или техно музика.

Леони вели дека почетниците треба добро размислат кога би почнале со Боди Комбат. Таа по шест недели тренирање Ш-Бам се завртела кон Боди Комбат и тоа било прерано. „По првиот тренинг ми беше малку лошо, особено поради тоа што човек, понесен од музиката, може лесно да претера.“

Camp Bondsteel Kosovo

Нов хит - тренинзи по пример на воените кампови

Но и Боди Комбат веќе има конкуренција - Пилоксинг. Овој облик на фитнес доаѓа од Шведска, а посебно е популарен кај холивудските ѕвезди. Во Германија првите тренинзи би требало да почнат есенва. Како и кај Боди Комбат и Пилоксингот користи елементи од боречки вештини за да се напрегаат сите мускули на телото. Тие се комбинирани со техники на Пилатес, кој тренира подлабоки слоеви на мускулатурата.

Во Велика Британија тренинзи во фитнес студија веќе не се толку популарни. Илјадници луѓе се пријавуваат на Британскиот воен фитнес, кадешто се трча на дожд и се прават многу склекови. Тренери се често поранешни или се‘ уште активни војници.