1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нови турбуленции во Парламентот

Се врати пратеничката група на ДУИ,која јавно им се заблагодари на Американците за ангажманот околу политичкиот договор со владечката ВМРО ДПМНЕ.Но,два часа по влегувањето на ДУИ во Собранието,и откако по четири месеци се комплетира неговиот состав,сега од него излезе опозициониот СДСМ.

default

Незадоволството кулминираше откако собранискиот спикер не ја прифати иницијативата да се води парламентарна дебата за постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата.Атмосферата ја загреа Либералдемократот Андреј Жерновски,кој побара англиската верзија на договорот меѓу премиерот Груевски и лидерот на ДУИ Ахмети со сите пет точки да биде во парламентот.

„Од тој договор произлегуваат обврски за Собранието.Сите пет точки регулираат обврски што ќе дојдат до Собранието на РМ.“,аргументираше лидерот на Либералдемократите Јован Манасиевски, со поддршка и од Јани Макрадули,пратеник и потпретседател на СДСМ:

„И да видиме зошто е задоволството од страната на ДУИ и на вМРО ДПМНЕ толку големо,мислиме дека јавноста и пред се пратениците треба да го имаме тој документ и да расправаме овде во собранието.“

На изненадување на владеачката коалиција,и ДПА сакаше дебата во Парламентот,а говореше Матоши:

„Сето тоа што се случуваше пред медиумите и пред целата македонска јавност во овие четири месеци беше политички блеф,каде ДУИ влезе во безизлезен пат.“

„Гласав за,да се разгивара за тоа што е договорено,за да се отстранат шпекулациите,зашто тие ќе водат до криза во Парламентот,до создавање лоши односи,недоверба,а тоа нам не ни треба“, не помогна ниту оваа сугестија на Лилјана Поповска,лидер на ДОМ,која исто така е дел од владата.

Одговорија Силвана Бонева,шеф на парламентарното мнозинство и претседателот на Собранието:

„Цело време имаше разговори меѓу парламентарното мнозинство и партијата ДУИ,разговори за сериозни прашања за кои имаше барања од ДУИ,меѓутоа не постои никаков потпишан договор за да може да биде презентиран во Собранието на Македонија“,изјави Бонева.

„Ве молам опозицијата да не тура сол на раните на раните на Македонија,најсериозно ви кажувам.“

Откако спикерот на Собранието Љубиша Георгиевски ја одби иницијативата Парламенгот да расправа што и како договориле Груевски и Ахмети,СДСМ ја напушти собраниската седница.