1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови тензии меѓу Јужна и Северна Кореја

САД ја повикаа Северна Кореја да прекине со агресивните напади, додека Кина истакна дека двете страни треба да сторат повеќе за мирот на Корејскиот полуостров. Советот за безбедност на ОН деновиве ќе одржи итна седница.

default

Нападнатиот остров во Јужна Кореја

Најмалку двајца војници загинаа, а седумнаесет се повредени во серијата напади на севернокорејската тешка артилерија врз остров во јужниот дел на поделената држава. Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Тае Јунг потврди дека армијата возвратила на нападите со над 80 проектили.

Денешниот напад е еден од најсериозните по војната во 1953 година. Двете Кореи технички се се` уште во војна, бидејќи на крајот од конфликтот потпишаа само примирје, а не и мировен договор. Тензиите драстично се зголемија годинава, откако Сеул го обвини северниот сосед дека торпедирал брод на јужнокорејската морнарица, при што загинаа 46 лица.

Северна Кореја тврди дека нејзиниот побогат сосед го започнал конфликтот: „И покрај постојаните предупредувања од наша страна, Јужна Кореја испука десетици гранати и затоа веднаш презедовме остра воена реакција“, се вели во краткото соопштение, пренесено од севернокорејската новинска агенција КЦНА. Јужна Кореја признава дека изведувала воени вежби на нападнатиот остров, меѓутоа тврди дека гранатите биле испукувани кон запад, а не кон северниот сосед.

Меѓународната зеадница возбудена

Südkorea Nordkorea Konflikt Angriff Presse

Жителите на Јужна Кореја денеска се разбудија со непријатната информација

Француски дипломат изјави дека Советот за безбедност на ОН во наредните денови ќе одржи итна седница околу Северна Кореја, која веќе е изложена на строги економски санкции поради претходните нуклеарни тестови.

САД остро ја осудија воената акција на Северна Кореја. Во изјавата на Белата куќа, Северна Кореја се повикува веднаш да ги прекине воените напади и да се придржува до примирјето од 1953 година. САД истовремено нагласуваат дека ќе се стават во одбрана на својот сојузник, Јужна Кореја.

Кина, единствениот поважен партнер на Северна Кореја, се обиде да не зазема страна во најновиот конфликт. Наместо тоа, ги повика двете страни „повеќе да придонесат за мир“ и уште еднаш апелира за обновување на шестстраните преговори околу спорната атомска програма на Северна Кореја.

Токму последните информации дека Пјонгјанг развил нови нуклеарни потенцијали, според некои проценки, се уште една причина за новите тензии меѓу двете земји. Во регионот веќе неколку дена е американскиот специјален пратеник Стивен Бозворт, кој по состаноците во Јужна Кореја и Јапонија, денеска треба да разговара и со кинеското државно раководство. Бозворт ја отфрли можноста за продолжување на шест-партитните преговори за прекин на севернокорејската нуклеарна програма, се’ додека властите не прекинат со збогатувањето ураниум.

Автор: ТТ/ ГЧ/ ројтерс/ афп

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM