1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови судири на повидок во Газа?

Тензиите во појасот Газа растат по прекинот на шестмесечното примирје меѓу радикалното движење Хамас и Израел. Насилството се врати во регионот.

default

Викендов во појасот Газа повторно се врати насилството, откако во петокот истече шестмесечното примирје меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас. Израелските борбени авиони и хеликоптери нападнаа позиции на милитантните Палестинци. Според очевидци, ранети се четворица Палестинци, од кои едно било дете. Според израелската армија, Палестинците во овие денови испукале околу 50 ракети на израелска терорија, при што едно лице е рането.

Олмерт најавува нова војна?

По ваквиот развој на настаните, расте опасноста од отворена конфронтација меѓу Израел и радикалната палестинска организација Хамас. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека неговата влада е подготвена на војна со оглед на палестинските ракетни напади од појасот Газа.

Hamas triumphiert

Поддржувачи на Хамас

Од дипломатски кругови се вели дека Израел веќе врши консултации за да добие меѓународна поддршка за офанзива во појасот. Со тоа треба да биде спречено донесување резолуција со осуда од страна на Советот за безбедност на ОН.

„Сценаријата се јасни, плановите се познати, како и последиците од овие чекори“, изјави Олмерт на седницата на владиниот кабинет, што беше одржана вчера. „Една одговорна влада не оди намерно во војна, но таа не ја избегнува“, додаде тој.

Остра акција против Хамас

Министерката за надворешни работи, Ципи Ливни, и претседателот на десноориентираната партија Ликуд, Бенјамин Нетанјаху, кои се главни противници во трката за идното премиерско место, се залагаат за остра акција против Хамас.

„Израел мора да го урне режимот на Хамас во Газа и владата под мое раководство тоа и ќе го стори“, рече Ливни. Таа додаде дека Израел мора да реагира кога е цел на ракетни напади. Нетанјаху, кој инаку води во анкетите за претстојните избори, изјави дека „долгорочно не постои друг избор освен да се урне режимот на Хамас“.

Хамас во петокот официјално објави крај на прекинот на огнот кон Израел. Организацијата ја обвинува израелската влада за блокадата на појасот на Газа и воени акции во овој регион.