1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови судири меѓу Фатах Хамас

Во палестинските области дојде до најжестоките судири во последните месеци меѓу приврзениците на умерениот палестински претседател Махмуд Абас и на радикалната влада од Хамас.Осум луѓе загинаа,а најмалку 100 се ранети

default

По досега најтешките судири меѓу припадниците на неговото движење Фатах и владеачкиот Хамас,палестинскиот претседател Махмуд Абас повика на итно задржување на мирот и редот.„Конфронтациите ја преминаа црвената линија,преку која веќе долго не сме пречекориле“,изјави Абас во телевизискоот обраќање до палестинскиот народ.Оваа црвена линија е граѓанската војна,а тој нема да дозволи да дојде до неа,потенцираше Абас.За време на избувнувањето на судирите Абас се наоѓаше во Јордан.

И премиерот Исмаил Ханија од Хамас апелираше до вооружените да го прекинат насилството:ги повикувам граѓаните да ги запрат борбите и да бидат свесни за одговорноста која ја имаат особено во време кога сме изложени на ескалација од окупационите сили,рече Ханија во Газа.Имено,израелскиот шеф на генералштабот , Халуц ,вчера најави нова воена опсежна операција на израелската војска во појасот Газа,за да го запре испалувањето на Касам ракети врз израелските населби.

Најмалку осум луѓе се жртви на вчерашните судири меѓу Фатах и Хамас,од нив и еден телохранител на Махмуд Абас,како и едно 15 годишно момче.Во болниците се пренесени стотина ранети.Предизвикувач на нередите кои делумно наликуваа на сцени од граѓанската војна,беше обидот на безбедносните сили од Хамас да ја запрат демонстрацијата на вработените во автономните власти во појасот Газа.

Демонстрантите,кои се вбројуват во Фатах,беа собрани пред зградата на една банка во Кан Јунис за да изнудат исплаќање на нивните плати,кои ги немаат добиено веќе половина година.Припадниците на Хамас пукале во воздух,оние од Фатах возвратиле,по што дошло до судирите.Еден 33 годишен Палестинец,кој успеал да замине неповреден со своето возило,на репортерите им изјави:„ова е срам за Хамас,чии припадници се нарекуваат муслимани,и срам за Фатах.Поради што и за што се борат тие?“