1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови судири во Каиро

Во уличните борби меѓу демонстрантите и полицијата во Каиро според информации од болнички извори се повредени околу 60 лица.

Повеќе стотици демонстранти во центарот на египетскиот главен град фрлале со камења врз безбедносните сили, кои пак употребиле солзавец за да ги растурат протестите. Стотоци луѓе претходно урнале бетонски ѕид, подигнат мината година за да ги спречи демонстрантите од плоштадот Тахрир да стигнат до Министерството за внатрешни работи. Учесниците на протестите сакаа да дадат знак за сеќавање на 45-те демонстранти, кои беа убиени во ноември 2011. година при задушувањето на народното незадоволство против тогаш владејачката армија во земјата. Пред една година илјадници граѓани бараа војската да и‘ отстапи место на цивилна влада на чело на државата. Полицијата употреби огнено оружје против народот.

Синоќешните протести беа насочени и против тоа што до денес одговорните од војската не се повикани на одговорност. На плоштадот Тахрир беа носени фотографии на убиените. Војската ја презеде власта по соборувањето на поранешниот шеф на државата, Хосни Мубарак во февруари 2011. година. По нередеите од ноември, армијата вети дека ќе ја предаде власта на новиот египетски претседател. На таа функција во јуни дојде исламистот Мохамед Мурси.