1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови сојузи

Додека САД опстојуваат на ембаргото кон Куба, рускиот претседател Дмитриј Медведев ја посетува земјата за да ги изгради контактите кон Латинска Америка. Но и Куба бара нови пријатели покрај старите сојузници.

default

Куба

Куба се обидува да ги развие своите надворешно-политички односи, вели Сузане Гратиус, научесн соработник на Фондацијата Фриде. Венецуела останува важна за неа со своите нафтени

Fidel Castro mit Bruder Raul und Hugo Chavez

Фидел и Раул Кастро со претседателот на Венецуела Чавез

резерви. Но, односите меѓу двете држави важат за заладени, откако државен шеф во Куба е Раул Кастро, кој нема толку добри односи со венецуелскиот претседател Хуго Чавез, како претходно Фидел Кастро.

Кина по Венецуела е денеска втор по големина трговски партнер со трговски волумен од над две милијарди евра. При посетата на Куба, кинескиот претседател Ху Џинтао освен тоа вети како помош кредит од 55 милиони евра за надминување на последиците од најновиот ураган во Куба. Двете држави склучија договор за продажба на кубански никел и шеќер во Кина.

Порта кон Латинска Америка

Reisediplomatie I

Фидел Кастро со кинескиот претседател Ху Џинтао

Но, и Русија и Кина сакаат да профитираат од своите односи со Куба. „За двете Куба е вратата кон Латинска Америка. Крајно, Русија и Кина имаат долгогодишни односи со социјалистичката земја. Тие двете се единствени земји кои имат такви односи со Куба,“ вели Гратиус.

Контакти со другите држави во Јужна Америка напротив треба допрва да се воспоставуват. Кинескиот претседател Ху Џинтао затоа го посети и Перу за да склучи договор за слободна трговија. Кина бара суровини во Латинска Америка, а континентот и‘ треба и како пазар за нејзината индустрија.

Русија се враќа како светска сила!?

Russland Dmitri Medwedew und Präsident Wladimir Putin

Рускиот претседател Медведев и премиерот Путин

Декларирана цел на руската надворешна политика пак е развој на привилегирани односи со Латинска Америка. Така изјави рускиот претседател Медведев во Перу. Куба затоа е само една станица на неговата голема турнеја по овој регион, тој ги посети веќе Перу, Венецуела и Бразил.

Русија на овој начин работи на враќање на своите позиции како светска сила, на потиснување на влијанието на САД.

Латинска Америка, како што изјави рускиот премиер Владимир Путин, е важен чинител во развојот на мултиполарен свет. Кратко пред пристигнувањето на Медведев во Каракас, во Венецуела пристигнаа руските воени бродови, предводени од ракетниот носач на атомски погон „Петар Велики.“ Се очекува на први декември да има заеднички воени маневри.

Ембаргото на САД ќе попушти?

Во Мексиканскиот залив, пред брегот на Куба, руски компании треба да црпат нафта. Кратко пред посетата на Медведев рускиот амбасадор во оваа земја, Михаил Каминин изјави дека руските компании сакаат да помогнат и во изградбата на складишта за нафта и за модернизирање на нафтоводот. Се‘ додека САД не го укинат ембаргото кон Куба, Русија има добри шанси.

Притоа, и самите кубански дисиденти бараат укинување на 46 години долгата блокада. Сепак, не треба да се очекува дека тоа скоро ќе се случи, вели Сузане Гратиус.

Идниот американски претседател Барак Обама се очекува да ги намали ограничувањата од ерата на претседателот Џорџ Буш, така што ќе биде олеснето патувањето и трансферот на пари кон Куба. Ембаргото веројатно полека ќе попушти, претпоставува Сузане Гратиус.