1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови смртни случаи од новиот коронавирус

Во Саудиска Арабија починаа уште луѓе од високо опасниот коронавирус. Според сознанијата на СЗО предизвикувачот на овој вирус веројатно може да се пренесе од човек на човек.

This undated image released by the British Health Protection Agency shows an electron microscope image of a coronavirus, part of a family of viruses that cause ailments including the common cold and SARS, which was first identified last year in the Middle East. British officials say a mysterious virus related to SARS may have spread between humans, as they confirmed the 11th case worldwide of the new coronavirus in a patient who they say probably caught it from a family member. Officials at the World Health Organization said the new virus has probably already spread between humans in some instances. (AP Photo/Health Protection Agency)

Coronavirus

Веќе 15 смртни случаи се регистрирани поради заболување од новиот тип на коронавирус, соопшти Министерството за здравство на Саудиска Арабија во Ријад. Уште девет други луѓе биле заболени. Досега во оваа земја беа регистрирани единаесет смртни случаи.

Новиот вирус и’ припаѓа на истата група како и предизвикувачот на САРС (Тежок акутен респираторен синдром) кој пред десет години особено силно ја погоди Кина.

Symbolbild Saudi-Arabien Krankenhaus

Во Саудиска Арабија има 15 смртни случаи од вирусот Корона

Тогаш ширум светот починаа околу 800 луѓе. Исто како и САРС, и коронавирусот ги напаѓа дишните патишта и може да доведе и до тешки запаленија на белите дробови. За разлика од САРС вирусот, новиот предизвикувач може да предизвика и проблеми кај бубрезите. Вирусот засега е забележан во заливскиот регион. Првите случаи се регистрирани во летото 2012 година.

Според инстиутот Роберт Кох во Германија досега се регистрирани два случаи со коронавирусот, еден во Есен и еден во Минхен. Едниот завршил смртно. Инфекцијата била донесена од Катар односно Обединетите Арапски Емирати. Според германскиот институт не пости зголемен ризик за заболување на широкото населние. Исто така и во смртните случаи со заболени од коронавирусот во Франција и Велика Британија се работи за пациенти кои доаѓале од Блискиот Исток.

Според новите сознанија на Светската здравствена организација (СЗО) коронавирус веројатно може да се пренесе и преку близок контакт од човек на човек. Вице генералниот директор на СЗО Кеиџи Фукуда при посетата на Ријад рече дека досега нема знаци за широко распространување на вирусот. Британските медицинари уште на почетокот на годинава изразија сомнеж дека овој вурус под одредени околности би можел да се пренесува меѓу луѓето.