1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нови седум светски чуда

Започна изборот за новите седум светски чуда

Римскиот Колосеум, Кинескиот зид, Стоунхенџ, Ајфеловата кула, Сиднејската опера. Ова се само некои од грандиозните архитектонски зданија кои учествуваат во трката за новите седум светски чуда. По повеќе од две илјади години светот добива можност да ги одбере седумте симболи на културната разноликост.

Кои ќе бидат новите седум светски чуда ќе биде познато на 1 јануари 2007 година. 21 кандидат учествуваат во гласачката трка која започна деновиве и ќе трае до крајот на годината. Идејата за нов избор, прв по досега единствениот на грчкиот филозоф Филон , е на едно швајцарско здружение во кое членува шефот на агенцијата за култура на ОН Бернард Вебер.

Преставникот на ОН смета дека е крајно време за нов избор, со оглед на фактот што од древните седум чуда, денес може да се види само едно, египетските пирамиди. Вебер смета дека би било интересно да се искористи современата технологија и можноста сите луѓе сами да одлучат што треба да се најде на списокот.

Гласањето ќе се одвива телефонски или преку интернет. Во текот на годината е планирана промотивна обиколка на сите објекти, а во подготвка е и тв емисија која ќе се емитува ширум светот.Конечниот список ќе зависи исклучиво од бројката освоени гласови.