1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови санкции против Иран?

Советот за безбедност на ОН денеска треба да донесе санкции против Иран со цел да го натера Техеран да го промени ставот во спорот околу атомската програма. Според дипломати, прифаќањето на санкциите е релативно сигурно.

default

По повеќемесечни советувања, резолуцијата за нови санкции против Иран ќе биде ставена на гласање во Советот за безбедност на ОН. Западните дипломати се оптимисти и сметаат дека најмалку девет гласа за резолуцијата се сигурни. Предлог-резолуцијата е подготвена од САД, со поддршка на Велика Британија и Франција. Своја согласност со неа сигнализираа и Русија и Кина.

Наспроти нив, од Бразил, Турција и Либан доаѓаат контроверзни информации. Досега е нејасно дали овие три земји ќе гласаат против резолуцијата, или ќе бидат воздржани. За резолуцијата да биде донесена, потребна е согласноста на најмалку девет од вкупно 15 држави во Советот за безбедност.

Што предвидува резолуцијата?

Ова би била четврта рунда санкции против Иран од декември 2006 година. Со нив Западот реагира на противењето на Техеран да го задоволи барањето на ОН за запирање на облагородувањето ураниум. Резолуцијата, меѓу другото, предвидува забрана на продажба на посебни видови тешко

USA China Treffen in Peking

Хилари Клинтон

вооружување, би требало да бидат ограничени инвестициите на ирански фирми во странство, бродовите кои пловат кон Иран ќе бидат претресувани, а на Иран ќе му биде и забрането да врши истражувања во странство поврзани со атомската програма, како на пример истражувања за рудниците на уран.

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, за време на посеата на Еквадор, изјави: „Мислам дека е фер да се каже оти се ова најважните санкции со кои Иран се соочил досега.“

Ахмадинеџад со закана дека ќе ги прекине сите разговори

Iran - Atomkraftwerk Buschehr

Атомска централа во Иран

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад се закани дека во случај на нови санкции против неговата земја, ќе ги прекине сите разговори околу атомската програма. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано, пак, од Техеран очекува поголема соработка и констатира: „Од октомври 2009 година, некои работи се променија. Тогаш Иран имаше околу 1.700 килограми ниско облагороден ураниум. Сега количеството е многу поголемо. И тогаш Иран се‘ уште немаше почнато да произведува повисоко облагороден ураниум, на околу 20 проценти. Сега тоа се прави. И, токму тоа е разликата.“

Автор: Ј. Пас/ ЕМФ/ БГ/ афп

Редактор: Александра Трајковска