1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови санкции за Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно наметна нови санкции за режимот во Пјонгјанг поради лансирањето на балистичката ракета.

Советот за безбедност на ОН одлучи да ги зајакне санкциите против Северна Кореја поради лансирање на ракетата и предупреди дека ќе преземе нови чекори доколку оваа земја изврши ново нуклеарно тестирање.

Советот едногласно го осуди лансирањето на севернокорејската ракета, кое беше неуспешно, но предизвика „сериозна загриженост за безбедноста во регионот“.

Советот за безбедност побара од Пјонгјанг и да се воздржи од лансирања „кои би користеле технологија на балистички ракети“, да ги откаже „сите активности во врска со својата програма за балистички ракети“ и да го почитува ветениот „мораториум за лансирање ракети“.

Во првиот одговор на зајакнaтите санкции, Северна Кореја предупреди дека нема да ја прифати мисијата на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за проверка на нејзината нуклерана програма и збогатувањето на ураниум, соопштија неименувани јапонски дипломатски претставници.

Кон крајот на февруари Северна Кореја се согласи да ги прими инспекторите на МААЕ, во рамките на договорот со Вашингтон, за американска помош во храна во замена за севернокорејски мораториум врз лансирањето на ракети со голем дострел, нуклеарни тестирања и активности за збогатување на ураниум во Јонгбјон.

Откако САД потврдија дека запираат со испораката на помош во храна поради лансирањето на севернокорејската ракета со голем дострел, Пјонгјанг објави дека договорот го смета за неважечки.