1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нови реакции по самитот на ЕУ: Европа е во длабока криза!

Несогласувањата околу европскиот буџет и уставот најверојатно ќе мора да почекаат на решение до идната година, оценуваат европските политичари и аналитичари по вчерашниот неуспешен Евро- самит во Брисел, на кои лидерите на држави и влади не усеаја да се договорат околу идното финансирање на Унијата.

Знамето на ЕУ

Знамето на ЕУ

Реакциите се поделени, но најголемиот број европски политичари за неуспехот ја обвинуваат Велика Британија, која одби да се откаже од специјалниот рабат, пари што како бенефиција и се враќаат секоја година.

,, Европа не е во криза. Таа е во длабока криза“, оцени актиелниот претседавач со Унијата, луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер. Германскиот канцелар Герхард Шредер посочи со прст на Британија и Холандија и како што рече, нивната нефлексибилност за важни европски прашања. И францускиот претседател Жак Ширак ја обвини лондонската влада затоа што одбива да ги подели заедничките европски трошоци, а британскиот премиер Тони Блер возврати дека неговата земја не е единствена која ги одбива европските интереси, алудирајќи на неодамнешните референдуми во Франција и Холандија на кои граѓаните гласаа негативно за усвојувањето на европскиот устав.