1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нови рации во германските фондации во Русија

Германските фондации во Русија се погодени од редица претреси. Причина е новиот закон, кој странските институции ги става под сомнеж за шпионажа. Берлин изрази загриженост.

Фондацијата Конрад Аденауер, блиска до владејачките христијано-демократи во Берлин сопшти дека службеници на државното обвинителство на Русија повторно извршиле претрес во нивната канцеларија во Санкт Петерсбург. Тие конфискувале компјутери со образложение дека требало да се проверат софтверските лиценци. Претседателот на фондацијата Конрад Аденауер и поранешен претседател на Европскиот парламент Ханс Герт Петеринг истакна дека постапката „предизвикува загриженост и во никој случај не може да се прифати“. Тоа би можело да доведе до оптоварување на односите со Русија.

Hans-Gert Hermann Pöttering

Ханс Герт Петеринг

Петеринг изрази стравување дека интервенцијата на властите можела да има влијание и врз работата на голем број локални партнерски организации. Германските политички фондации и руски Невладини организации „пружаат важен придонес за развојот на слободата, деморактијата и правната држава“, нагласи Петеринг. Секое попречување на нивната работа му наштетува на демократскиот развој. Фондацијата Конрад Аденауер во Русија е активна од 1990 година и има канцеларии во Москва и Санкт Петерсбург.

Според медиумски информаици руските власи со денови преземале акции против Невладини организации. Вчера во Москва руските службеници исто така ги претресоа канцелариите на фондацијата Фридрих Еберт, блиска до германските социјалдемократи, и повеќе часови вршеа увид во документите. Организацијата за човекови права Амнести интернешнл исто така инфомрираше дека Државното обвинителство и даночните власти исто така се пријавиле во нивното претставништво во Москва. Јенс Зигерт, раководителот на московската канцеларија на фондацијата Хајнрих Бел, блиска до партијата на Зелените во Германија, информираше дека кај сите нивни руски партнерски организации биле спроведени рации. Зигерт го критикуваше ова како обид за заплашување.

Претресите се поврзани со спорниот нов закон, според кој невлавините организации финансирани од странство мораат да бидат регистрирани како странски агенти.

Руски дипломат повикан на разговор во МНР во Берлин

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го повика рускиот дипломат Олег Красницки на разговор во Министерството за надворешни работи во Берлин. Нему му била изразена загриженоста на германската влада поради постапките против невладините организации и германските политички фондации, соопшти Министерството. Поканата на вториот по ранг дипломат на една земја, по амбасадорот, во Министерството за надворешни работи на Германија се смета за релативно јасна форма на протест. Уште поостра би била поканата до амбасадорот.

Министерството за надворешни работи рациите ги критикуваше уште вчера. „Попречување на активностите на германските фондации би можело долгорочно да ги оптовари билатерналните односи. Ова јасно и го ставивме до знаење на руската страна“, се вели во Берлин.