1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови протести, уште повеќе загинати

Нема знаци за смирување на тензиите во повеќе држави на северот на Африка и на Блискиот Исток. Најдраматична е состојбата во Иран, каде приврзениците на актуелната власт се заканија со линч на опозициските лидери.

default

Демонстрантите во Иран во понеделникот се судрија со полицијата

Илјадници верници и приврзеници на режимот на Махмуд Ахмадинеџад денеска во Техеран повикуваа на линч на двајцата опозициски лидери, како одговор на неодамнешните демонстрации во Иран. Повиците започнаа веднаш по петочната молитва во Техеран, по што, во организација на власта, се одржаа протести на централниот плоштад во Техеран, на кој учествуваа и околу 200 актуелни пратеници во иранскиот парламент.

Иранската опозиција во понеделникот извади на улица повеќе десетици илјади свои приврзеници, со што за првпат, по повеќе од една година, покажа дека има сила за да му се спротивстави на режимот. Во судирите кои уследија загинаа најмалку двајца демонстранти.

Proteste in Libyen Tripolis

Во Либија се погласно се бара заминување на Моамер ел Гадафи

Како одговор на тие протести, властите денеска организираа контра-митинг на кој демонстрантите извикуваа „Смрт за Каруби и Мусави“ и „Алах е голем!“

Судирите во Либија продолжуваат

Крвави судири меѓу полицијата и демонстрантите вчера имаше и во вториот по големина либиски град, Бенгази, а за денеска се најавени нови протести. Според последните информации, во судирите за време на т.н. „Ден на гневот“ во Либија загинале најмалку 24 противници на режимот на Моамер ел Гадафи. Агенциските информации велат дека во текот на ноќта Гадафи лично го обиколил главниот град Триполи со цел да го подигне духот на приврзаниците. Револуционерната гарда на Гадафи денеска преку режимските медиуми соопшти дека во иднина насилно ќе се пресмета со сите демонстранти против актуелната власт.

Дисидентски групи денеска соопштија дека антивладините демонстранти успеале да ја преземат контролата врз источниот град Ал Бајда, но засега нема независна потврда на оваа информација.

Бахреин и Јемен пред експлозија

Илјадници луѓе денеска во Бахреин присуствуваа на погребот на жртвите од вчерашниот судир на антивладините демонстранти со силите за безбедност, а се очекува собирот да продолжи со нови демонстрации и покрај забраната за јавни собири. Четири лица беа убиени, а стотици повредени кога силите за безбедност вчера ги нападнаа и ги растераа демонстрантите од плоштадот во центарот на престолнината Манама.

Flash-Galerie Unruhen Proteste in Nahost Bahrain

Голем број жени се во првите редови на протестите во Бахреин

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, побара казнување на одговорните за полициската акција во четвртокот во која има загинати:

„Насилство не смее да се употребува против мирни демонстранти и новинари. Тоа мора да запре и одговорните да се изведат пред лицето на правдата. ОН ги повикуваат лидерите во регионот и секаде во светот да ги слушаат луѓето внимателно и да одговорат на нивните легитимни аспирации“.

Во денешните протести во Јемен, загина најмалку едно лице, а десетина се повредени откако била фрлена граната врз демонстрантите во главниот град Сана.

Автор: БГ/СН/афп/ап/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM