1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови протести по бруталното силување во Индија

По сексуалниот напад врз студентката во индискиот главен град Њу Делхи повторно се одржаа протести. Во сојузната држава Манипур убиен е еден ТВ новинар.

Новинската агенција АФП соопшти дека 36 годишниот новинар починал во градот Имфал на североистокот на земјата. Според информациите полицијата отворила оган за време на демонстрациите.

Исто така и во главниот град Њу Делхи повторно се одржаа масовни протести. Полицијата употреби водени топови и гумени палки против стотиците луѓе. Индиската полиција истовремено забрани протестен собир во центарот на Њу Делхи, каде веќе шести ден траат демонстрации поради групното силување на една студентка и бруталниот физички напад врз неа и нејзиниот пријател минатата недела. Полицијата утрово ги блокираше сите приоди кон владината зграда и притвори една група демонстранти според наредбата за забрана за собирање. Собирање на демонстрантите им е дозволено само на традиционални места за одржување протести, на еден од најголемите отворени спортски терени во Њу Делхи, Рамлила-мајдану и во поранешната градска опсерваторија Џантар-мантар.

Илјадници демонстранти со денови бараат смртна казна за извршителите на силувањето, како и поголема безбедност за жените.

Неколкумина пијани луѓе во автобус кој сообраќа низ Њу Делхи минатата недела силуваа студентка, а потоа неа и нејзиниот пријател ги претепале со метални шипки и ги исфрлиле од автобусот додека се движел.