1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нови протести и нови судири во Грција

Десетици илјади граѓани на Грција денеска повторно излегоа на протести против новиот пакет мерки за штедење. Во Атина полицијата се судри со околу 200 делумно маскирани демонстранти. Се очекува кратење на платите од 20%.

Во Атина на маргините на мировните демонстрации на десетици илјади луѓе дојде до судири. Околу 200 делумно маскирани демонстрантите гаѓаа со молотови коктели врз полицијата. Полицијата потоа употреби солзавец и шок гаранти за да ги растера предизвикувачите на судирите. Според телевизијата на плоштадот пред парламентот се издигал бел чад.

Во Атина и други градови во Грција денеска десетици илјади граѓани излегоа на улиците за да демонстрираат против новиот пакет за штедење од 13, 5 милијарди евра. Во целата земја министерствата, училиштата и голем број други државни институции останаа затворени. Лекарите ги третираа само итните случаи. Од штрајкот се погодени и авионскиот, бродскиот и железничкиот сообраќај.

Новиот грчки пакет за штедење веќе бил усвоен се вели од владини кругови и од кругови на меѓународните донатори. Синдикатите очекуваат натамошни кратења на платите меѓу шест и 20 проценти.