1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови протести и загинати во Сирија

Антивладини протести избувнаа денеска во повеќе градови во Сирија по традиционалните петочни муслимански молитви. Притоа, најдраматична е ситуацијата во градот Дараа, кој се смета за центар на протестот против режимот

default

Протести во Дараа

Демонстрациите се случуваат и покрај тоа што претседателот на државата и на владејачката партија изврши промени во владата и го смени премиерот на земјата.

Сириските безбедносни сили употребија огнено оружје за да ги растурат илјадниците демонстранти во Дараа, градот во јужниот дел на Сирија, каде пред еден месец избувнаа првите протести против сириските власти. Очевидци за новинската агенција Ројтерс изјавија дека од куршумите на безбедносните сили загинале најмалку тројца демонстранти.

Baschar al Assad bei seiner Rede in Damaskus Bashar Assad

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад

„Видов многу крв и три тела на луѓе на улица кои потоа беа однесени од роднини“, изјави еден од тие очевидци.

Во меѓувреме болнички извори јавија за дури 10 загинати во Дараа

Во источниот дел на земјата илјадници етнички Курди протестираа со барање за реформи и покрај тоа што претедателот Асад неделава понуди олеснување на строгите правила кои им забрануваа на многу Курди да стекнат сириско државјанство.

Протести денеска избувнаа и во градот Хомс, на западот од земјата, а пукотници се слушале и во предградието на Дамаск, Хераста.

Антирежимските демонстрации во кои се бараат поголеми слободи ја потресуваат земјата во последните три недели. Асад одговори со мешавина на употреба на сила проив демонстрантите и потези во насока на реформи, повеќето од нив во последниве неколку дена насочени кон етничките Курди.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска