1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нови протести во Романија против рудникот за злато

Илјадници романски граѓани во повеќе градови протестираа против владиниот план да го рестартира производството во контроверзниот рудник за злато во селото Рошија Монтана.

Неколку илјади Романци одново протестираа во Букурешт и други градови против канадскиот проект за рудникот за злато во селото Рошија Монтана. Демонстрантите бараа оставка од Владата која го фаворизира проектот. Во Букурешт околу 4.000 демонстранти се собраа пред зградата на Владата извикувајќи „Оставка“ и „Вашето предавство се мери во злато“.

Демонстрации имаше и во Темишвар, Клуж и други градови. Канадската компанија Гејбриел Рисорсис има планови да разработи крај романското село Рошија Монтана најголем златен рудник во Европа. Компанијата предвидува ископување на 300 тони злато и 1.600 тони сребро и ветува 900 работни места за време на експлоатацискиот период од 16 години. Според научници и археолози, проектот би предизвикал уништување на четири планини околу селото.

Дополнителен проблем е што при процесот на прочистување на златото се користат тешки отрови, кои ја загадуваат околината и влијаат штетно врз здравјето на рударите и на месното население. Во време на предизборната кампања, Владата на премерот Виктор Понта беше против тој проект, но во август донесе нацрт-закон со кој на тој проект му се даде статус – проект од исклучителен национален интерес. Одлуката предизвика бран протести.