1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови провокации меѓу Кина и Јапонија

Два кинески патролни бродови навлегоа во водите околу спорните острови, што Јапонија ги смета за свои. Јапонската крајбрежна стража соопшти дека овој случај ќе ја засили напнатоста меѓу двете најголеми азиски економии.

Кинеските медиуми потврдуваат дека два нејзини цивилни бродови патролират во водите околу спорните острови Сенкаку, што Кинезите ги нарекуваат Дијаоју. Тие забележуваат дека Кина го спроведува своето право на „законска одбрана“, затоа што во текот на последните денови Јапонија постојано провоцирала инциденти во врска со спорните острови и го нарушувала „територијалниот суверенитет на Кина“.

Јапонската крајжбрежна стража им наредила на кинеските бродови да го напуштат реонот, но не добила никаков одговор.

Островите се наоѓаат во реон, богат со риба. Се претпоставува дека во него има и големи резерви од природен гас.

Долго тлеечкиот спор меѓу двете земји поради ненаселената група острови во Источнокинеското Море ескалираше откако јапонската влада и покрај предупредувањата од Пекинг ги откупи островите од приватните сопственици и со тоа ги подржави.

Поради конфликтот околу островската група во Источнокинеското Море, Кина ги откажа манифестациите по повод 40-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Јапонија.

Јапонското министерство за надворешни работи потврди дека за в четврток планираните свечености нема да се одржат. Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа известува дека прославата ќе биде одржана во „посоодветно време“.