1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови престрелки во Јемен

Вчера во Јемен избија жестоки престрелки меѓу владините сили и опозицијата, при што животот го загубија најмалку 20 лица. Владата и опозицијата взаемно си ја префрлаат одговорноста за најновите престрелки.

default

Во Јемен нема мир, архивска снимка

Престрелката меѓу владините сили и борците на генерал-мајорот Али Мохзен ал Ахмар, кој уште во фавруари мина на страната на опозицијата, избила во две предградија на главниот град Сана. Таму биле стационирани милиционери на опозицијата и дезертирани војници кои се под команда на исто така дезертираниот генерал Ахмар. Владата и опозицијата взаемно си ја префрлаат одговорноста за најновите престрелки. Меѓу загинатите има и петмина цивили.

Претседателот Али Абдула Салех, кој веќе 33 години е на власт во Јемен, одбива да се повлече. Во петокот Советот за безбедност на ОН во посебна резолуција едногласно го осуди насилството против демонстрантите во Јемен. Истовремено резолуцијата бара од Салех да го прифати планот на Советот за соработка во Персискиот залив, кој подразбира Салех да ја предаде власта на негов соработник и да се повлече. Во замена му се гарантира имунитет од политички и судски прогон.

Автор: ГЧ/ЖА/дв/ртр

Редактор: Ж. Ацеска