1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нови прволигаши

Покрај Карлсруе во Првата германска лига влегуваат уште и Ханза Росток и Дуисбург. Обата клуба вчера ги обезбедија второто и третото место во втората лига. Влез во највисокиот ранг пропуштија Фрајбург и Гројтер Фирт.

На тренерот Пагелсдорф по вторпат му успеа влез во Првата лига со иста екипа

На тренерот Пагелсдорф по вторпат му успеа влез во Првата лига со иста екипа

За тренерот на Ханза Росток Франк Пагелсдорф вториот влез во првата лига со истата екипа не е само повторување:

„Огромната разлика е во тоа што тогаш екипата многу спокојно влезе во сезоната, без никакви очекувања. Годинава се беше поинаку. Самите си поставивме цел и сакавме да бидеме во друштвото со најдобрите екипи„.

Во друштвото на најдобрите ќе се најде и Дуисбург, чиј напаѓач Маркус Курт за следната сезона бара барем зачувување на прволигашкиот статус:

„Тоа мора да биде нашата цел, на секој поединец во екипата. Да покажеме дека сме научиле од грешките од минатото и мислам дека ќе ни успее„.

И фудбалерот Ивица Грилиќ се надева:

„Кога ја гледам денешнава атмосфера, мислам дека раководството мора да размисли за нови играчи, за да направиме вистински состав. Така ќе бидеме добро подготвени за првата сојузна лига„.