1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови правила за фудбалските мундијали?

Претседателот на Светската Фудбалска Федерација- ФИФА, Сеп Блатер, има желба радикално да ги измени правилата за Светските првенства, со цел турнирите да станат повозбудливи. Тој говореше за германскиот неделник „Фокус“.

default

Првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер размислува пред се’ да се укине можноста за нерешен исход во натпреварите по групи, така што веќе во оваа рана фаза од мундијалот ќе има само победници и поразени.

Истотака тој би сакал да се откаже и продолжението од двапати по 15 минути, пренесува германскиот неделник „Фокус“.

Блатер во интервју за весникот изјави дека долоку на крајот од регуларниот дел од натпреварот нема победник, веднаш би се одело на изведување на пенали. И правилото на „златен гол“, кое го имаше во 2002 година, би можело повторно да се воведе.

Правила против здодевни натпревари

Fußball WM 2010 Deutschland Argentinien

Повеќе голови , за повеќе радозт и возбудувања на СП

„Првиот даден гол го одредува победникот, така што двете екипи мора да напаѓаат“, истакнува претседателот на ФИФА.

Блатер даде сличен предлод уште пред шест години меѓутоа наиде на жесток отпор.

Последното првенство во Јужноафриканската република го натера Блатер повторно да го актуелизира предлогот:

„Екипите ги започнуваа натпреварите во фазата по групи со намера пред се’ да не загубат, и пото имаше здодевни натпревари“, изјави Блатер за „Фокус“.

Неговите идеи Блатер ќе ги претстави пред во техничкиот комитет на ФИФА каде што на пример седи германската легенда Франц Бекенбауер, кој истотака не е воодушевен од продолженијата.

Автор:СН/ЖА/ап/дпа

Редактор: Жана Ацеска